“Родови прашања во полето на индустриска енергетска ефикасност“

“Родови прашања во полето на индустриска енергетска ефикасност“

декември 17, 2019 | Nga Milena Manova Ilikj

Работилница за родови прашања (УНИДО)


На 16.12.2019 во х. Континентал, Скопје, во рамки на ГЕФ-УНИДО проектот: “Поттикнување на пазарна трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии во Македонија“, спроведуван од Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ) – Канцеларија во Македонија се одржа работилница на тема Родови прашања во полето на индустриска енергетска ефикасност.

Настанот го отвори г-ѓа. Тамара Радовановиќ Анѓелковска од Регионален центар за животна средина (РЕЦ) – Канцеларија во Македонија, а свои излагања во првиот дел од програмата имаа: Експертот на УНИДО за родови прашања, г-ѓа. Марија Ристевска, која даде вовед во темата за родова еднаквост во полето на индустријата, Претседателот на Здружението на бизнис жени, г-ѓа Валентина Дисоска, со осврт на застапеноста и статусот на жените во бизнисот и жените претприемачи, како и г-ѓа Ирена Димова, Раководител за квалитет во компанијата “Гентерм” која од аспект на жена инженер во индустрија, сподели свои согледувања за предизвиците и придобивките од рамноправното учество на жените на раководни позиции во индустријата.  

Во вториот дел на работилницата се зборуваше за родови прашања во полето на индустриската енергетска ефикасност, со фокус на системот за управување со енергијата во индустријата, во којшто сите учесници дискутираа на прашања поврзани со придобивките и предностите од родовата еднаквост, кои се карактеристиките на жените менаџери преку кои можат да придонесат за подобро работење на тимот, кои се предизвиците за спроведување на систем за управување со енергетска ефикасност доколку си жена енергетски менаџер и кои се научените лекции и можности. Од дискусијата произлегоа препораки за компаниите, донесувачите на одлуки, вклучително и за УНИДО којшто особено работи за зајакнување на родовата компонента во индустрискиот сектор, коишто се однесуваат на начините за зголемување на родовата рамноправност во индустријата и системот за управување со енергија.

Работилницата, меѓу дугото имаше за цел да помогне во прибирање ставови, гледишта и статистики коишто ќе помогнат за изработување на Студија за родова еднаквост во индустријата во полето на енергетската ефикасност.

: 879 views