УНИДО експертска обука за спроведување на Систем за управување со енергија (ЕнМС) - фаза ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА

УНИДО експертска обука, Модул 2 - ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА

мај 31, 2019

На 29ти, 30ти и 31ви мај 2019-та година во просториите на РЕЦ Македонија се одржа експертска обука – Модул 2  - ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА за спроведување на Систем за управување со енергија (ЕнМС) во согласност со УНИДО Методологијата и ISO 50001 (GEF – UNIDO EnMS USER Training Programme). Обуката се спроведува во рамките на ГЕФ – УНИДО проектот “Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии”, како дел од програмата за репликација на ЕнМС што се спроведува во соработка со ЕВН Македонија во неколку компании во Република Македонија.

Целта на експертската обука – Модул 2  - ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА е обучување на претставници од енергетските тимови на неколку компании во Република Македонија за суштинска имплементација на Систем за управување со енергија во согласност со ISO 50001, придобивките од спроведувањето на ЕнМС, спроведување ма оперативна контрола, мониторинг, документирање и можностите за континуирано унапредување на енергетските перформаси во компаниите.

Оваа обука е трета по ред од целокупната програма и втора експертска обука, што ќе допринесе кон градењето на националните капацитети за спроведување на систем за управување со енергија во индустријата. На обуката учествуваа 20 учесници од различни индустриски сектори.

Предавачи на обуката беа УНИДО квалификуваните ЕнМС експерти, Г. Мирко Ристевски, дипл. елек. инж. и вон. проф. д-р Ана Лазаревска, дипл. маш. инж.

: 853 views