Заеднички промотивен настан на Програма за советување на мали бизниси на ЕБОР и Проект за индустриска енергетска ефикасност на УНИДО-ГЕФ

април 02, 2019

Европската банка за обнова и развој и Регионалниот центар за животна средина Македонија на 2-ри Април 2019 во канцелариите на ЕБОР одржаа заеднички настан за да ја промовираат Програмата за советување на мали бизниси на ЕБОР на УНИДО квалификуваните експерти за спроведување на системи за управување со енергија (ЕнМС). Една од целите на Програмата за советување на мали бизниси на ЕБОР е да овозможи експертска техничка помош за зголемување на енергетската ефикасност кај малите и средните претпријатија за да се зголеми нивната конкурентност на пазарот и општествена одговорност. 


Проектот за индустриска енергетска ефикасност на Организацијата за индустриски развој на Обединети Нации (УНИДО) и Глобалниот Еколошки Фонд (ГЕФ), локално спроведуван од Регионалниот центар за животна средина – Канцеларија во Македонија (РЕЦ), обучи 29 експерти за спроведување на системи за управување со енергија (ЕнМС) во согласност со УНИДО методологијата и со меѓународниот стандард ISO 50001. Проектот спроведе ЕнМС во преку 20 национални компании.


На настанот се дискутираа синергиите помеѓу Програмата за советување на мали бизниси на ЕБОР и Проектот за индустриска енергетска ефикасност на УНИДО и ГЕФ, односно финансискиот инструмент на ЕБОР и техничката експертиза на УНИДО, што заеднички ќе овозможат зголемување на енергетската ефикасност и намалување на потрошувачката на енергија кај малите и средните претпријатија како и поттикнување на инвестиции во енергетската ефикасност. 


На настанот присуствуваа Г-а Маја Кооистра и Г-а Соња Ингилизова од Програмата за советување на мали бизниси на ЕБОР и квалификувани УНИДО енергетски експерти за Системи за управување со енергија.

: 856 views