На 21 март 2019, се одржа Петтиот состанок на Советодавниот Комитет во рамки на проектот „Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии”. Проектот се финансира преку ГЕФ и се спроведува од страна на УНИДО и Регионалниот центар за животна средина – канцеларија во Северна Македонија. На состанокот на Проектниот советодавен комитет присуствуваа партнерите на проектот, Министерство за економија на Р.Северна Македонија, Агенција за енергетика, Влада на Р.Северна Македонија, ЕУ делегација и многу други организации како и претставници од РЕЦ Канцеларијата во Северна Македонија и радоводите на проектот од УНИДО, г. Марко Матеини. На состанокот, г-дин Матеини го презентираше постигнатиот напредок и планираните активности во рамките на проектот. Значителен успех постигнаа компиниите каде се спроведуваат системи за управување со енергија во партнество со УНИДО, РЕЦ Македонија и ЕВН. Г- Матеини најави дека до крајот на оваа година ќе се воспостави кредитната линија со премиум за спроведување на проекти за поттикнување на енергетска ефикасност во индустријата.
Петти состанок на Проектниот Советодавен Комитет за проектот “Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на ивестициите во најдобри практики и технологии”
март 26, 2019