Jавен повик за IT компанија

март 18, 2019

Поврзани документи

Регионалниот центар за животна средина, Канцеларија во Македонија, во рамки на проектот „Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии”, кој се спроведува од страна на УНИДО, во соработка со Агенцијата за енергетика, објавува јавен повик за IT компанија која ќе изработи Платформа (веб страна) за запознавање со најдобри практики од енергетската ефикасност во индустријата.

Платформата за запознавање со најдобри практики од енергетската ефикасност во индустријата ќе претставува референтна точка за системи за управување со енергија, енергетски менаџери, инженери и вработени во компании, односно извор на информации и ресурси за промовирање, развивање и имплементирање на системи за управување со енергијата и други најдобри достапни техники и мерки.

IT компанијата, покрај изработка на веб платформата, ќе има обврска да изврши обука на лица за администрирање и одржување на содржините и веб платформата, како и да ја надгради веб страната на Агенцијата за енергетика. 

Заинтересираните апликанти треба да поднесат апликација електронски на следниот линк https://procurement.unido.org/ со следните информации:

  1. Правен статус на компанијата (доколку е достапен);
  2. Документ за основање (компанија);
  3. Пропратно писмо со назнака за повикот;
  4. Техничка понуда (спецификации);
  5. Финансиска понуда;
  6. CV (IT експерт) или референци (компанија).

УПАТСТВО ЗА АПЛИЦИРАЊЕ: За да можете да аплицирате за овој повик, треба да направите кориснички профил на веб страната за набавки на УНИДО (https://procurement.unido.org/#) според упатството насловено „Bidder_Access_Guide_2016“ (во прилог). Откако ќе го направите профилот, пристапете кон делот набавки (current opportunities) и најдете го повикот со кодот (RFx Number): 7000003479 со име „Development of IEE BPID platform“.

Рокот за поднесување на апликации е до 29.03.2019.

За било какви прашања можете да ја контактирате Емилија Божиновска на ebozhinovska@rec.org и Теодора Младеновска на reccomannouncements@gmail.com. Рокот за поставување прашања околу овој повик е 26.03.2019.

Детален опис на работните задачи е во прилог на овој повик.

: 10,691 views