Меморандум за соработка со Царинска Управа на РМ

мај 16, 2018

Денес, 16ти мај 2018, Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа, канцеларија во Македонија16ти мај, потпиша Меморандуми за соработка со Царинската Управа на Република Македонија.

Целта на овој Меморандум за соработка е да се воспостави соработка помеѓу РЕЦ и Царинската управа на Република Македонија кон развивање на методологија за пресметување на данок на возилата, која ќе се користи при изработката на Предлог Законот за оданочување на возила. Методологијата треба да ги земе во предвид најдобрите практики на земјите членки на ЕУ, усогласена со условите на македонскиот пазар на патнички автомобили, локалните еколошки и климатски услови, како и со куповната моќ на граѓаните.

РЕЦ Македонија, работи на проект за стабилизирање на емисиите на стакленички гасови од патниот собраќај, преку удвојување на глобалната економија на горивото: регионално спроведување на глобалната иницијатива за економија на гориво, односно, намалување на потрошувачката на горива за 50% за новите возила до 2030 година и 50% за сите возила до 2050 година. 
Проектот е финансиран од Глобалниот фонд за животна средина (GEF) и Програмата за животна средина на Обединетите Нации (UNEP). 

Во рамките на проектот, произлезе потребата за потпишување на овој посебен Меморандум, со цел обезбедување посуштинска и олеснета соработка директно со Царинската управа на Република Македонија, која во моментов работи на изготвување на нацрт Законот за данок на возилата. Со денешното потпишување на овој меморандум се отвора ново поглавје во соработката на РЕЦ Македонија со Македонските институции за постигнување на крајната цел, обезбедени услови за подобар и поздрав живот на граѓаните на Република Македонија.

: 243 views