Експертска обука на УНИДО, Модул 2- Спроведување на Системите за управување со енергија (EnMS) во согласност со ISO50001, во рамки на Програмата за EnMs репликација EnMs во соработка со ЕВН Македонија

Event's Image

5

дек 5–7, 2018

Локација:

REC

Место:

Канцеларија на РЕЦ во Македонија

Организатор:

REC Macedonia

Спонзор:

UNIDO

Контакт:

Emilija Bizhinovska

Во периодот од 5-7 декември 2018, се одржува експертската обука за спроведување на Системите за управување со енергија (EnMS) во согласност со методологијата на УНИДО и ISO 50001 (EnMS Програма за обука на GEF – УНИДО), спроведувана во рамки  на проектот на GEF – УНИДО “Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии во Република Македонија”. Обуката е дел од Програмата за EnMS репликација која се спровеудва во соработка со ЕВН Македонија во неколку компании во Република Македонија.

Целта на оваа Експертска обука – Модул 3 – ПРОВЕРКА е обука за претставниците на енергетските тимови на неколку компании во Република Македонија заради суштинското спроведување на Системите за управување со енергија во согласност со ISO 50001, придобивките од спроведувањето на EnMS, спроведувањето на оперативни контроли, следење, документирање и можностите за постојано подобрување на енергетските перформанси на компаниите. Оваа обука е четврта и последна обука во целата програма за EnMS, којашто ќе изгради национални капацитети за спроведување на Системите за управување со енергија во индустријата. Околу 10 учесници од различни индустрии се очекува да учествуваат во обуката. Обучувачи ќе бидат квалификуваните експерти за EnMS на УНИДО, г. Мирко Ристевски, дипл. ел. инж. и Г. Златко Ѓурчиноски, дипл. ел. инж.

: 905 views