Eкспертска обука за оптимизација на системи за компримиран воздух во индустријата (CASO)

Event's Image

24

сеп 24–29, 2018

Локација:

Skopje

Место:

REC

Организатор:

REC

Спонзор:

UNIDO


Поврзани документи


Во периодот од 24 до 29 септември 2018 година, во просториите на РЕЦ Македонија, се одржува експертска обука во рамки на Програмата на UNIDO за градење на капцитетити за оптимизација на системи за компримиран воздух во индустријата (CASO).

Oваа обука следи по првата корисничка обука што се одржа во ноември 2017 година и на која беа избрани 15 инженери кои ги исполнија условите за да ја слушаат експертската обука.

Теоретскиот и делот за вежби од шестдневната обука ќе се одвива во просториите на РЕЦ Македонија, додека еден ден е предвиден за посета на компанијата домаќин за програмата  - Цементарница Титан – Усје во Скопје, при што ќе се посети линијата за компримиран воздух. Претходно, во компанијата домаќин беше монтирана мерна опрема за компримиран воздух, при што, врз основа на резултатите од мерењата ќе се анализираат и дискутираат можностите за оптмизација на реален случај.

Учесниците на обуката ќе се обучат самостојно да спроведуваат оцена на системите за компримиран водух во индустријата и да изготиваат мерки за оптимизација на истите.

Оваа обука е дел од активностите за развој на пазарот на индустриската енергетска ефикасност на проектот “Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии во Република Македонија” имплементиран од страна на UNIDO и заеднички извршуван со Канцеларијата на РЕЦ во Македонија, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија, Агенцијата за енергетика и Македонската банка за поддршка на развојот.

Проектот има за цел да ја намали емисијата на стакленички гасови преку забрзување на трансформацијата на македонскиот пазар за енергетска ефикасност во индустријата (IEE) и поттикнување на: зголемената употреба и побарувачка на најдобрите практики и технологии за IEE,  понудата на соодветни услуги за консалтинг и инвестиции, како и поддршка на рамковната политика за IEE.

Експертската обука за оптимизација на системи за компримиран воздух во индустријата, ја води Г. Том Таранто, водечки меѓународен UNIDO експерт за CASO.

Покрај него, предавачи на обуката се меѓународниот експерт Г. Алберт Едвард Вилијамс, придружуван од националниот консултант за компримиран воздух Г. Горан Танчевски.

На обуката за експерти присуствуваат 15 претставници од индустријата во Република Македонија, кои во рамки на своите процеси и технологии користат компримиран воздух.

: 397 views