Состанок на Работната група за проектот „Стабилизирање на емисиите на стакленички гасови од патниот сообраќај преку двојно намалување на потрошувачката на гориво: регионално спроведување на глобалната иницијатива за економија на горивото“

Event's Image

31

мај 31, 2018

Локација:

Skopje

Место:

REC

Организатор:

REC

Спонзор:

UNEP


Поврзани документи


На 31 Мај 2018 година во Канцеларијата на Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ) во Македонија се одржа шестиот состанок на Работната група (РГ) за проектот „Стабилизирање на емисиите на стакленички гасови од патниот сообраќај преку двојно намалување на потрошувачката на гориво: регионално спроведување на глобалната иницијатива за економија на горивото“. На шестиот состанок на РГ присуствуваа 20 членови или заменици членови на РГ, претставници на РЕЦ, невладини еколошки организации, АМСМ, град Скопје и национални консултанти ангажирани за потребите на проектот.

Шестиот состанок на РГ се одржа во рамки на редовните проектни активности и имаше за цел презентирање на прогресот на развивање и спроведување на мерките од нацрт Националната политика за економија на горивото:

  • Промоција на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Царинската Управа на Република Македонија и Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа, канцеларија во Македонија (РЕЦ), од 16ти мај 2018, за техничка помош од РЕЦ за Царинската управа на Република Македонија кон развивање на методологија за пресметување на данок на возилата, која ќе се користи при изработката на Предлог Законот за данок на возила,
  • Ревидирање на проектната задача за воспоставување на платформа за размена на податоци за регистрираните возила (нацрт проектна задача за софтверско решение) во Цариската управа на Република Македонија, која ќе ги означува СО2 емисиите на секое увезено возило и кои информации ќе се доставуваат и до други национални институции кои имаат потреба од овој податок,
  • Презентирање на проектна задача за развивање на изводливи финансиски механизми за субвенционирање на “еколошки“ транспорт, чија крајна цел е да:
    • Распределба на приходите од ревидираните даноци за возила кон субвенционирање на мерките од политиката за економија на потрошувачка на горивата
    • Предложување на најмалку 2 возможни финансиски долгорочни механизми (субвенции и/или инвестиции)
    • Елаборирање на законодавни процедури за воспоставување на усвоените финансиски механизми
    • Разработување на оперативни процедури и дефинирани засегнати страни за функционирање на усвоените финансиски механизми
    • Предложување на партнерство меѓу банки, дистрибутери и влада за воспоставување на ниски кредитни линии
  • Презентација на нацрт прашалници за возачи и увозници на возила со кои ќе се соберат информации од засегнатите страни од предложената политика за реформите во оданочувањето на возилата и субвенционирање на еколошки транспорт.

: 405 views