Петти состанок на Работната група за Проектот „СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА ЕМИСИИТЕ НА СТАКЛЕНИЧКИ ГАСОВИ ОД ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ ПРЕКУ ДВОЈНО НАМАЛУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧКАТА НА ГОРИВО: РЕГИОНАЛНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ГЛОБАЛНАТА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЕКОНОМИЈА НА ГОРИВОТО“

Event's Image

22

дек 22, 2017

Локација:

REC

Место:

REC

Организатор:

REC

Спонзор:

UNEP

Контакт:

Jozhe Jovanovski


Поврзани документи


На 22 декември 2017 година во Канцеларијата на Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ) во Македонија се одржа петтиот состанок на Работната група (РГ) за проектот „Стабилизирање на емисиите на стакленички гасови од патниот сообраќај преку двојно намалување на потрошувачката на гориво: регионално спроведување на глобалната иницијатива за економија на горивото“. На петтиот состанок на РГ присуствуваа 20 членови или заменици членови на РГ, претставници на РЕЦ и националните консултанти ангажирани за потребите на проектот.

Петтиот состанок на РГ се одржа во рамки на редовните проектни активности и имаше за цел финализирање на елементите на Националната политика за економија на горивото. На петиот состанок се разгледаа следните теми:

  • Се направи поврзување на досегашните проектни резултати со други сродни проектни активности (на пример Студијата изготвена од УНДП / МАНУ за потребните на Министерството за животна средина и просторно планирање за предлог политиките за ублажување на климатските промени предизвикани од транспортот и Истражувањето спроведено од страна на Г. Стеван Ќосевски за потенцијалот за електрификација на транспортот во Македонија),
  • Се извести за одделните координативни средби со надлежни министерства (министерството за транспорт и врски, министерството за внатрешни работи и министерството за финансии), и
  • Се презентираше нацрт Националната политика за економија на горивото. и тоа:
  1. Воспоставување на платформа за размена на податоци за регистрираните возила (нацрт проектна задача за софтверско решение)
  2. Реформа на оданочувањето на возилата (предлог критериуми и методи на пресметки на годишен надоместок за животна средина, како и предлог критериуми и начин на пресметки на данок за возила при увоз; предлог измени во законската регулатива за спроведување на предложените решенија за оданочување на возилата). 

: 794 views