Алатки

Алатка за ниско-јаглеродни индикатори

Овој онлајн ресурс, развиен во рамки на проектот Региони за одржлива промена (Regions for Sustainable Change - RSC), е сложена и сеопфатна алатка за општествените чинители од Европските региони кои треба да работат со ниско јаглеродни индикатори во процесот на креирање на политики.

Алатка за организациона способност

Развиена во рамки на програмата “Поддршка на Организациите за животна средина на граѓанското општество на Југо-источна Европа (Supporting Environmental Civil Society Organisations in South Eastern Europe -SECTOR), алатката овозможува групите за животна средина да ја проценат нивната организациона способност и да ги подобрат своите капацитети.

Алатка за следење на транспорт на РЕЦ

Мотивирани од грижата за здравјето на своите вработени, животната средина и економијата, РЕЦ го следи начинот на кој вработените патуваат кон и од работа употребувајќи ја алатката за паметно патување.

Зелен пакет

Зелениот пакет е мултимедијална едукативна алатка за животната средина за употреба при учење на деца со возраст помеѓу 11 и 15 години за заштита на животната средина и одржливиот развој.

Зелен пакет јуниор

Оваа јуниор верзија на алатката Зелен пакет им обезбедува на наставниците на деца помеѓу 7 и 10 години едноставни, пристапни материјали кои тие ќе можат да ги користат за да го појаснат концептот на одржлив развој.

Зелени чекори

Насочени кон подигнување на јавната свест во врска со одржливиот животен стил, граѓанските права за животна средина, и промени кои лицата ги прават во нивниот секојдневен живот за да придонесат кон одржливиот развој, Зелените чекори содржат вредни информации околу организациите на граѓанското општество, педагози, студенти и фамилии.

Пакет за воздухот

Пакетот за воздухот е ресурсна алатка која има за цел да им помогне на наставниците да подготват и предаваат лекции за проблемите со квалитет на внатрешниот воздух во училиштата. Алатката се заснова на резултатите од двете фази на иницијативата Школска животна средина и респираторно здравје на децата ( School Environment and Respiratory Health of Children - SEARCH ).

Паметна улица

Ресурси кои им помагаат на средношколските наставници да ги претстават главните предизвици во градовите на Европа и да ги ангажираат своите студенти во изнаоѓањето на решенија.