Подобрување на политика за економичност на гориво

Подобрување на политика за економичност на гориво
март 2019 | Печати | Книга

Регионалниот центар за животна средина, канцеларија во Македонија (РЕЦ Македонија) го спроведе проектот “Стабилизирање на емисиите на стакленички гасови од патниот сообраќај преку двојно зголемување на економичноста на гориво: регионално спроведување на глобалната иницијатива за економичност на горивото”. Проектот се надоврзува на резултатите од “Основната состојба на економичноста на гориво кај возилата во Македонија” каде што беше направена национална проценка на основната состојба на економичноста на горивото кај возилата во Македонија заедно со предвидувањата и трендовите на економичноста на горивото користејќи ги алатките и експертизата на Глобалната иницијатива за економичност на горивата, што ја даде основата за изработка на национална политика за економичност на горива кај лесните возила.

Крајната цел на Проектот е да ја подобри националната политика за економичност на горива, заедно со засегнатите страни, за промоција на нови мерки кај општата јавност и пред националната Влада вклучувајќи ги нејзините институции. Затоа, РЕЦ Македонија изработи Политика која се состои од предлог мерки за подобрување на евиденцијата на податоци за регистрираните возила, со цел да вклучуваат податоци за CO2 емисии декларирани од страна на производителот и да се подобри споделувањето на овие податоци со сите засегнатите страни, како и сеопфатен сет на реформи во националните политики за оданочување на возила како стратегија за „озеленување“ на возниот парк на патнички возила.

Оваа Политика со многуте примери, искуства и практики што ги содржи има за цел да помогне на носителите на политики и одлуки да донесат добро-информирани одлуки кога ќе создаваат, спроведуваат и подобруваат политики, стратегии и акциони планови поврзани со подобрување на локалниот квалитет на воздух и намалување на влијанијата врз климатските промени од транспортниот сектор.

Прашања/јазик верзија