ЗЕЛЕН ПАКЕТ Република Македонија

ЗЕЛЕН ПАКЕТ Република Македонија
септември 2008 | Печати | Книга

Зелениот пакет е мултимедијална едукативна алатка за употреба при учење на деца на возраст од 11 и 14 години за заштита на животната средина и одржливиот развој.

Книгата со инструкции за наставниците е главната компонента на оваа мултимедијална алатка. Содржи планови за лекции на 22 теми од животната средина, вклучувајќи информации кои посебно се однесуваат на поранешната Југословенска Република Македонија, така структурирани за да им обезбедат на корисниците информации за секоја тема како и целите и методологијата на лекциите. Наставниците исто така ќе најдат листи со факти и дијаграми на крајот на секој план на лекција кои можат да ги споделат со нивните ученици.