ЗЕЛЕН ПАКЕТ ЈУНИОР Република Македонија

ЗЕЛЕН ПАКЕТ ЈУНИОР Република Македонија
јули 2012 | Печати | Книга

Овој збир на дејствија беше направен како составен дел од Зелениот пакет јуниор (Green Pack Junior) на поранешната Југословенска Република Македонија, и е мултимедијална едукативна алатка креирана за употреба во образованието на деца на возраст од шест до 10 години за прашањата околу животната средина и одржлив развој. Со фокус  на секојдневните искуства на две млади деца, дејствијата имаат за цел да поттикнат дискусии во одделенијата за теми од животната средина кои имаат директно влијание на детските животи. Книгата може да се употреби како посебно едукативно помагало или во комбинација со други елементи од Зелениот пакет јуниор.

Зелениот пакет јуниор е мултимедијална едукативна алатка за животната средина која се употребува за учење на деца на возраст помеѓу шест и 10 години за прашања од животната средина и одржлив развој. За секоја од 12 теми за животната средина кои ги покрива Зелениот пакет јуниор на поранешната Југословенска Република Македонија, постојат планови на лекции со пропратни материјали кои ќе им помогнат на наставниците да одржуваат часови на оваа тема. Овие пропратни материјали вклучуваат и интерактивно DVD, игри, надворешни активности, тестови и приказни. Зелениот пакет јуниор на поранешната Југословенска Република Македонија содржи материјали кои се однесуваат посебно на земјата и има за цел македонски наставници и нивните ученици.

Оваа верзија на Зелениот пакет јуниор беше креирана со финансиска помош на Австриската меѓународна соработка за развој и кофинансирана од Министерството за животна средина и просторна планирање и Министерството за образование и наука на поранешната Југословенска Република Македонија. Материјалите за Зелениот пакет јуниор се креирани од страна на тематската област на РЕЦ за едукативни алатки.