Прирачник за вклучување на јавноста во донесување одлуки за животната средина

Прирачник за вклучување на јавноста во донесување одлуки за животната средина
октомври 2013 | Печати | Книга

Уште од основањето, РЕЦ игра важна улога во поддршката на демократијата во животната средина преку олеснување и зголемување на транспарентноста на процесите за донесување на одлуки за животната средина во регионот и пошироко.

Алатката за учество на јавноста во донесување на одлуките за животна средина е уште еден приказ за долгорочната помош која ја обезбедува РЕЦ во врска со демократијата во животната средина, регулирана на меѓународно ниво преку Архуската Конвенција.

Оваа алатка дава преглед на тоа како принципите на Архуската Конвенција за учество на јавноста се усогласуваат во Југоисточна Европа, и обезбедува идеи и совети за јавни службеници за тоа како да се организираат и имаат придобивки од вклученоста на јавноста.

Дизајнирана првично за јавни службеници, алатката исто така ќе биде вредна за други општествени чинители (како инвеститори, креатори на проекти, претставници на јавноста или НВО-и).