Платформа за учење на политиката за животна средина и ефикасност на ресурси на Interreg Europe

Interreg Europe Policy Learning Platform on Environment and Resource Efficiency

Извор на финансирање

Interreg Europe Programme

Име на клиент/донор

European Commission

Севкупна вредност на проектот

EUR 1,792,931

Date

јуни 2016 – март 2018

Земји корисници

Interreg Europe Territory | EU28 | Norway | Switzerland

Број на персонал

5

Програмите на Interreg* ја зајакнуваат економската и социјална врска во ЕУ преку промовирање на прекугранична, меѓурегионална и соработка помеѓу нациите како и балансиран и одржлив развој на територијата.

Зголемувањето на ефикасноста на ресурсите на регионално ниво вклучува одржлива употреба на ограничени ресурси, додека се одбегнуваат негативните влијанија за животната средина. Ефикасноста дозволува креирање поголема вредност од помалку вложување, така  намалувајќи ги единечните трошоци за производителите и купувачите. Регионите може да играат клучна улога во подобрување на употребата на ресурсите преку интеракција со потрошувачите и производителите, како и преку нивната сопствена улога како потрошувачи на енергија.

Иако различните национални и пошироки иницијативи се воспоставени за да ја поддржуваат оваа транзиција, регионите имаат клучна улога. Interreg Europe може да им помогне на регионите да најдат практики како одговор на регионалните предизвици, како подготовка на модели за одржливо искористување на средствата од природата и културното наследство, развивајќи и интегрирајќи зелена инфраструктура, охрабрувајќи ги малите и средни претпријатија (МСП) да ги проценуваат и решаваат проблемите со употребата на ресурси, така намалувајќи го обемот на отпад во МСП и домаќинствата.

 

* Проекти за соработка помеѓу региони (Interregional Cooperation Projects)

Главната цел на програмата е да се поддржи учењето на политиките, преку размена на пракса и искуства, помеѓу соодветните организации за политика со став за подобрување на изведбата на политиките и програмите за регионален развој. Дозволува регионалните и локални јавни органи како и други играчи со регионална важност низ Европа да разменуваат пракса и идеи за тоа како јавните политики функционираат, и со тоа да изнаоѓаат решенија за да се подобрат нивните стратегии за сопствените политики, и за да се максимизира влијанието на политиките и придонесот кон стратешките цели на ЕУ преку меѓурегионални проекти за соработка.

Платформата им нуди на учесниците и на другите општествени чинители различни идеи и инспирација за тоа како подобро да ја заштитат природата и културното наследство и да ги употребуваат ограничените ресурси на Земјата на одржлив начин, со тоа придонесувајќи кон задоволувањето на социо-економските и целите на животната средина. Платформите служат за проектните партнери на Interreg како и за целата заедница на регионални општествени чинители кои прават политики да се сретнат и да учат едни од други.

  • Креирање Центар на знаење и едукација за соодветните препораки за политики, тематски студии, извештаи, проценки, новини од политиките на ЕУ, бази на податоци за добра пракса итн.
  • Промовирање на можностите за вмрежување и партнерства, вклучително и преку организација на соодветни активности и настани и креирање на база на податоци за експерти и корисници на добра пракса.
  • Воспоставување на Експертски “Helpdesk” за совети во врска со политиките, и одговарање на барањата за целен совет и упатства за подобрување на креирањето и имплементацијата на јавните политики.
  • Нудење на експертска поддршка со цел учење на политиката, вклучувајќи прегледи на корисници, вежби за бенчмаркинг, тематски работилници, настани за градење на капацитети и активности на учење.
  • Распределба на информации
  • Организирање на настани
  • Техничка помош