Техничка помош (ТП) и Финансиска поддршка (ФП) за спроведување на Проекти за енергетска ефикасност во индустријата (ЕЕИ

Техничка помош (ТП) и Финансиска поддршка (ФП) за спроведување на Проекти за енергетска ефикасност во индустријата (ЕЕИ)

јуни 09, 2021 | Nga Milena Manova Ilikj

Јавен повик за апликации

за Техничка помош (ТП) и Финансиска поддршка (ФП) за спроведување на

Проекти за енергетска ефикасност во индустријата (ЕЕИ)

Најавен од страна на

Проектот финансиран од страна на GEF и спроведуван од страна на UNIDO

“Поттикнување на пазарна трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестиции во најдобрите достапни практики и технологии во ПЈРМ”

Проектна компонента 3: Поддршка на инвестиции во енергетски ефикасни технологии во индустријата


Контекст на проектот:

Проектот

The project “Поттикнување на пазарна трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестиции во најдобрите достапни практики и технологии во ПЈРМ” има за цел да ги намали емисиите на стакленички гасови во Република Северна Македонија преку забрзување на пазарната трансформација на пазарот за енергетска ефикасност во индустријата (ЕЕИ) во насока на зголемена употреба и побарувачка за најдобрите достапни практики и технологии за ЕЕИ како на пример системи за управување со енергија и оптимизација на енергетски системи, како и зголемена понуда на соодветни консултантски и инвестициски услуги.

Проектот е финансиран од страна на Глобалниот еколошки фонд (GEF) и кофинансиран од страна на UNIDO, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) на РСМ, Министерството за економија (МЕ), Агенцијата за енергетика на Северна Македонија (АЕСМ), Развојната банка на Северна Македонија (РБСМ), Проектот за индустриско управување со енергија на USAID, македонската канцеларија на Регионалниот центар за животна средина (REC COM понатаму во текстот), Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) при универзитетот „Кирил и Методиј“ и голем број на претпријатија од приватниот сектор.

Проектот се состои од три Компоненти.

Компонента 1 – Зајакнување на регулаторната и институционалната рамка и постоечките политики и капацитети за трансформација на пазарот за енергетска ефикасност во индустријата;

Компонента 2 – Поддршка за развој на пазарот за воведување и дифузија на најдобрите достапни практики и технологии за енергетска ефикасност и еколошка одржливост во индустријата;

Компонента 3 – Поддршка на инвестиции во енергетски ефикасни технологии во индустријата

Проектната компонента 3 (ПК3) има за цел да го забрза темпото на инвестиции во ЕЕИ проекти и технологии преку поттикнување на употребата на достапните финансиски инструменти за инвестирање во енергетската ефикасност во индустријата како и да помогне со мобилизирање на дополнителни финансиски средства од македонскиот комерцијален банкарски сектор. ПК3 е создадена со фокус на:

  1. Зголемување на квалитетот и бројот на ЕЕИ проекти и инвестициски предлози кои се поднесуваат до банките во РСМ, и
  2. Поттикнување на претпријатијата и банките да финансираат и спроведуваат поголем број на проекти од областа на енергетската ефикасност во индустријата.

За да се постигнат целите на Компонента 3, Проектот воспоставува Програма за техничка помош (ПТП) и Финансиска поддршка за инвестиции во ЕЕИ (ФПИ).

 

Цел на Јавниот повик:

Овој документ претставува отворен и јавен повик за апликации од страна на претпријатија од индустрискиот сектор на Република Северна Македонија на кои им е потребна техничка помош и/или финансиска поддршка за да се овозможи односно забрза спроведувањето на енергетски ефикасни инвестициски проекти во индустријата.

Техничката помош и финансиската поддршка ги распределува Програмата за техничка помош (ПТП) воспоставена од страна на проектот. Мисијата на ПТП поврзана со спроведувањето на инвестициски проекти од областа на енергетската ефикасност во индустријата предложени од страна на претпријатијата од индустрискиот сектор во РСМ почива врз две основни и меѓусебно поврзани проектни интервенции:

  1. Давање на професионална техничка помош на претпријатијата за поднесување на ЕЕИ проекти/кредитни барања до комерцијалните банки во РСМ. Вредноста на експертската поддршка нема да биде повисока од 2.5% од вкупната вредност на инвестицискиот проект, и ќе има максимална вредност од 4,000 USD.
  2. Давање на финансиска поддршка на претпријатија од индустрискиот сектор во РСМ за инвестирање во ЕЕИ проекти. Финансиската поддршка има за цел да ги зголеми и забрза инвестициите во подобрување на енергетската ефикасност на производствените операции и процеси на индустриските претпријатија во РСМ. Финансиската поддршка ќе се состои од грант кој ќе изнесува до 20% од главнината и каматата на заемот, и ќе има максимална вредност до 25,000 USD.

Повеќе детали за ПТП и финансиската поддршка се наоѓаат во документот наречен TAF & PCI Brochure кој е приложен како PDF документ кон овој Повик. Брошурата ја образложува структурата и видот на инвестиции во ЕЕИ, видовите на технологии кои се поддржуваат со оваа програма и процедурата за аплицирање.

Критериуми за аплицирање:

Препријатието кое ќе аплицира за ТП и финансиска поддршка треба да ги задоволи следните основни критериуми:

  • Претпријатието мора да е регистрирано во РС Македонија.
  • Проектната инвестиција треба да е класифицирана како индустриска енергетска ефикасност.
  • Експертската техничка помош и финансиската поддршка се насочени кон поддршка на инвестиции во најдобрите достапни технологии за подобрување на енергетската ефикасност како на пример:
    • Спроведување на систем за управување со енергија (ISO 50001)
    • Оптимизација на системи за пареа (ОСП)
    • Оптимизација на системи за компримиран возду (ОСКЗ)
    • Дигитални технологии (мерачи, системи за автоматика и контрола)
    • Оптимизација на ладилни системи
    • Оптимизација на електромоторни системи
    • Други ЕЕИ технологии

Иако горенаведените технологии се во фокус на програмата за техничка помош и финансиска поддршка, и други технологии кои ја подобруваат енергетската ефикасност на претпријатието ќе бидат земени предвид.


Дополнителни критериуми:

  • Општа кредитоспособност на претпријатието (вообичаено проверена според стандардните процедури на комерцијалните банки, врз основа на минатите финансиски перформанси на претпријатието и сегашната капитална позиција vis-à-vis големината на новата проектна инвестиција. Претпријатието ќе мора да биде во можност да подигне соодветна сума на надворешен капитал од комерцијалните банки.
  • Нови предлог-проекти или постоечки предлог-проекти изготвени не порано од 1ви јануари 2019 година ќе се сметаат за прифатливи. Постарите предлог-проекти ќе мора соодветно да се ажурираат.
  • Претпријатијата кои ќе можат да аплицираат за програмата за техничка помош и финансиска поддршка мора да доаѓаат од индустрискиот сектор, што значи нивната примарна дејност треба да се состои од:

    a) Производство;
    b) Преработка;
    c) Рударство.

Процедура за аплицирање и потребна документација:

Претпријатијата заинтересирани за техничка помош и/или финансиска поддршка за нивните ЕЕИ проекти ќе мора да приложат пополнет Формулар за аплицирање за ПТП и ФП кој може да се најде во форма на PDF документ прикачен кон овој Повик.

За успешна апликација претпријатието ќе мора да ја поднесе следната документација:

  • Пополнет Формулар за аплицирање, со сите неопходни податоци;
  • Придружна документација:
    • Копија од Тековна состојба на претпријатието, не постара од 6 месеци
    • Копии од Годишни финансиски извештаи за последните две фискални години (2020та и 2019та)

 

Бараната документација се доставува во дигитална, PDF форма на следните e-mail адреси:

ipetrovski@rec.org
CC tradovanovik@rec.org


Рокот за аплицирање за ПТП и ФП е до исцрпување на достапните средства (2021 година).

 

Критериуми за селекција на проекти за ТП и ФП:

Доставените инвестициски проекти во ЕЕИ ќе се евалуираат и селектираат од страна на панелот за евалуација на ПТП наспроти соодветни критериуми за проценка кои ќе се состојат од следното:

  • Квалитетот на технологиите и придружните мерки за подобрување на енергетската ефикасност;
  • Потенцијалот на проектот за намалување на емисиите на стакленички гасови;
  • Подготвеноста и способноста на претпријатието за спроведување и кофинансирање на проектот;

 

Понатамошни прашања и контакт-информации:

Сите прашања поврзани со процедурата за аплицирање за ПТП и ФП треба да бидат проследени до следниот контакт:

 

Контакт:

 

Име: Иван Петровски

Позиција: Национален проектен раководител

E-mail адреса: ipetrovski@rec.org

: 791 views