Jавен повик за ангажирање на видео-продукциско студио

Jавен повик за ангажирање на видео-продукциско студио

мај 29, 2020 | Nga Milena Manova Ilikj

Jавен повик за ангажирање на видео-продукциско студио за изготвување на видео записи за проект

Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ) – Канцеларија во Македонија, во рамки на проектот „Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии”, којшто се спроведува со поддршка на ГЕФ[1] и УНИДО[2], објавува јавен повик за ангажирање на видео-продукциско студио за изготвување на промотивни видео записи за проект.

Предмет на проектната задача е подготовка на 3 одделни видеа, односно:

  1. едно (1) подолго видео (до макс. 5 минути) со преглед на GEF – UNIDO проектот, историја на проектот, факти, спроведување на системот за управување со енергија (СУЕ), обуки, интервјуа, производи, очекувани проектни резултати, главни придобивки од спроведувањето на СУЕ, клучни поенти/пораки;
  2. едно (1) кусо видео (со времетраење од 1-2 минути) за зголемено спроведување на СУЕ во индустрискиот сектор согласно меѓународниот стандард ИСО 50001 и УНИДО методологијата со примери од најдобрите партнер компании и придобивките од  спроведувањето на СУЕ; и
  3. едно (1) кусо видео (со времетраење од 1-2 минути) за промоција на придобивките од  оптимизација на парни системи (Steam System Optimization – SSO) и оптимизација на системи со компримиран воздух (Compressed Air System Optimization – CASO) во Р. С. Македонија.

 

Право на учество имаат сите што ги исполнуваат следните критериуми:

А. Искуство на понудувачот – минати  активности; и опрема од значење за задачата:

  • Релевантност за области во коишто понудувачот ги обезбедува своите услуги (список на извршени задачи во последните 3 години);
  • Докажано искуство во извршување на слични задачи / активности / програми (во последните 3 години);
  • Објекти и опрема што се релевантни за задачата (на пр. дрон, камера, диктафони, итн.)

 

Б. Профил, стекнато знаење и квалификации на персоналот наведен за реализација на задачата

  • Експертиза, компетенции и години на релевантно работно искуство (на персоналот наведен за реализација на задачата)
  • Директно искуство и/или услуги во тематската област специфична за повикот
  • Образование и професионално искуство (биографии на персоналот наведен за реализација на задачата)

 

Предност се дава на видеопродукциски студија со:

•             минимум 3 вработени

•             минимум 3 год. од основање

•             минимум 3 години работно искуство со Невладини организации

 

Ги повикуваме, сите заинтересирани, да поднесат понуда согласно барањата на Проектната задача, дадена во прилог на овој повик.  

Рокот за поднесување на понуди е 8.06.2020 г. (понеделник) до 16.00 ч. на следните е-маил адреси: Macedonia@rec.org и IPetrovski@rec.org.

За било какви појаснувања во врска со Проектната задача, Ве молиме, да го контактирате Националниот раководител на проект, г. Иван Петровски IPetrovski@rec.org најдоцна до 4 јуни 2020 г.

 

[1] ГЕФ – Глобален еколошки фонд

[2] УНИДО – Организација за индустриски развој на Обединетите Нации

: 431 views