обука за спроведување на систем за управување со енергија (СУЕ - EnMS) – Модул 3 – ПРОВЕРКА

декември 16, 2019 | Nga Milena Manova Ilikj

Во периодот 11-13 декември 2019 година во просториите на урбаната заедница „Пецо Божиновски-Кочо“, Општина Карпош, беше одржана експертската обука за спроведување на систем за управување со енергија (СУЕ - EnMS) – Модул 3 – ПРОВЕРКА, во согласност со методологијата на УНИДО и ISO 50001 (GEF-UNIDO програма за експертска обука), што се реализира во рамки на проектот на GEF и UNIDO „Поттикнување на пазарната трансформација за индустриска енергетска ефикасност и забрзување на инвестиции во најдобри достапни практики и технологии“. Обуката е дел од програмата за репликација на СУЕ спроведена во соработка со ЕВН Македонија во неколку компании во Република Северна Македонија. Стандардот за системи со управување со енергија претставува шаблон за планирање и севкупен водич, особено за индустриски постројки, користејќи го познатиот пристап наречен „планирај-спроведи-провери-делувај“, интегриран во светски препознатливите стандарди за квалитет и за управување со животната средина како ISO 9001 и ISO 14001.

Оваа обука е четврта по ред од целокупната програма и втора експертска обука, што ќе придонесе кон градењето на националните капацитети за спроведување на систем за управување со енергија во индустријата. На обуката учествуваа 15 учесници од различни индустриски сектори и јавниот сектор.

Целта на експертската обука – Модул 3 – ПРОВЕРКА беше претставниците од енергетските тимови на неколку компании во Република Северна Македонија суштински да го совладаат спроведувањето на Систем за управување со енергија во согласност со ISO 50001, придобивките од спроведување на СУЕ, воведување на оперативни контроли, мониторинг, документација и можности за континуирано подобрување на енергетските перформанси во компаниите. Оваа обука е четврта и последна обука во целокупната СУЕ програма, која ги зајакнува националните капацитети за спроведување на Системите за управување со енергија во индустријата. Петнаесет претставници од индустриски претпријатија и јавни институции учествуваа во обуката. Обучувачите се експертите за СУЕ квалификувани од страна на УНИДО г-дин Мирко Ристевски дипл. ел. инж. и проф. д-р. Ана Лазаревска.

Стандардите за управување се докажана и ефективна алатка за одржливо спроведување на енергетска ефикасност во индустријата и придонесува за оптимизација на системите во секојдневното работење и континуирано подобрување на енергетските перформанси.Особено одржливоста на енергетски ефикасни практики претставува предизвик за индустријата, бидејќи повеќето оптимизирани системи со тек на време ја губат ефикасноста, пред сè како резултат на смена на вработени и на производните процеси.

Стандардот за управување со енергија на високо ниво ја поврзува деловната логика на управувањето со енергија и основните профитни интереси на компаниите преку намалување на оперативните трошоци, зголемување на продуктивноста, усогласување со еколошките прописи и унапредување на корпоративната одговорност, како и подобрување на конкурентноста на глобално ниво. 

: 812 views