Национален промотивен настан „Придобивки од спроведувањето на енергетска ефикасност во индустриите во Република Северна Македонија“

ноември 25, 2019 | Nga Milena Manova Ilikj

Во рамки на ГЕФ-УНИДО проектот: “Поттикнување на пазарна трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и з



Во рамки на ГЕФ-УНИДО проектот: “Поттикнување на пазарна трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии во Македонија“, на 21 ноември (четврток) 2019 година Канцеларијата на РЕЦ во Македонија, заедно со Стопанската комора и Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија, организираа национален промотивен настан за енергетска ефикасност во индустријата (ИЕЕ) насловен како Придобивки од спроведувањето на енергетска ефикасност во индустриите во Република Северна Македонија.

Целта на настанот беше да се истакне вредноста од спроведувањето на најдобрите достапни технологии за енергетска ефикасност во индустријата, како што се системите за управување со енергијата и оптимизација на енергетските системи.  Преку настанот се нагласи важноста од спроведување на енергетската ефикасност во индустријата како една од најкорисните и најисплатливи мерки за зголемување на конкурентноста на производите и намалување на СО2 емисиите.

Настанот го отвори г.ѓа Пеева-Ѓуриќ, Извршен директор на Стопанската комора на Македонија. Во воведната поздравна сесија се обратија: г. Нуредини, Министер за животна средина и просторно планирање, г. Нехри Емрула, Директор на Агенцијата за енергетика и г. Исмаил Љума, Државен советник од Министерството за економија. Воведната сесија беше комплетирана со обраќањето на г. Марко Матеини, меѓународен УНИДО проектен менаџер, кој даде осврт на постигнувањата во рамки на проектот. 

На настанот учествуваа повеќе од сто учесници. Меѓу учесниците на настанот, беа присутни претставници од: Владините и јавни институции со надлежност во областа на енергетската ефикасност во индустрија и климатски промени, индустриски компании, претставници од мали и средни претпријатија, Развојната банка на Северна Македонија и претставници од комерцијалните банки, академски и научно-истражувачки институции, национални даватели на услуги за енергетска ефикасност во индустријата претставници од граѓански сектор вклучително здруженија раководени од жени и сл.

Преку проектот, којшто е финансиран од Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), а се спроведува од страна на Oрганизацијата за индустриски развој на Обединетите Нации (УНИДО) и Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) – Канцеларија во Македонија, со поддршка на Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија и Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија, партнер компаниите имаа можоност да стекнат со знаење и искуства за подобрување на енергетската ефикасност преку користење на најдобри практики и технологии достапни во светот. Во рамките на проектот успешно се обучија 30 технички експерти за системи за управување со енергија и оптимизиција на енергетски системи користејќи ја методологијата на УНИДО за мерење, моделирање и предвидување на енергетската потрошувачка, на индустриските претпријатија. Во  21 претпријатие беа воведени системи за управување со енергија и беа предложени мерки за заштеда на енергија, коишто најчесто не бараат никакви, или бараат мали инвестиции.

: 856 views