Национален промотивен настан „Придобивки од спроведувањето на енергетска ефикасност во индустриите во Република Северна Македонија“

ноември 11, 2019 | Nga Milena Manova Ilikj

Поврзани документи

На 21 ноември (четврток) 2019 година во хотелот Александар Палас, Скопје, УНИДО и Канцеларијата на РЕЦ во Македонија, заедно со Стопанската комора и Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија, организираат национален промотивен настан за енергетска ефикасност во индустријата (ИЕЕ) насловен како Придобивки од спроведувањето на енергетска ефикасност во индустриите во Република Северна Македонија.

Целта на настанот е да се истакне вредноста од спроведувањето на најдобрите достапни технологии за енергетска ефикасност во индустријата, како што се системите за управување со енергијата и оптимизација на енергетските системи. За време на настанот ќе бидат прикажани дел од постигнатите резултати на проектот, со нагласок на економските  придобивки (финансиски заштеди) и придонесот, што енергетската ефикасност го има во намалувањето на потрошувачката на енергија во индустријата и намалување на потрошувачката на енергија во земјата, воопшто, како и да го истакне придонесот во намалувањето на СО2 емисиите.

На настанот се очекува присуство на различни заинтересирани страни, како:

  • Владини и јавни институции со надлежност во областа на енергетската ефикасност во индустрија и климатски промени
  • Стопанска комора на Македонија
  • Индустриски и компании од комерциајлниот сектор
  • Банки во РСМ, како Националната банка за поддршка на развојот
  • Академски и научно-истражувачки институции
  • Меѓународни институции и билатерални донатори (УСАИД, ЕБРД, ГИЗ и други)
  • Национални даватели на услуги за енергетска ефикасност во индустријата и другите сектори
  • Невладини организации, граѓански здруженија, вклучително здруженија раководени од жени

Настанот се реализира во рамки на проектот: „Поттикнување на пазарна трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии во Македонија“, којшто е финансиран од Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), а се спроведува од страна на Oрганизацијата за индустриски развој на Обединетите Нации (УНИДО) и Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) – Канцеларија во Македонија, со поддршка на Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија и Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија.

: 380 views