Јавен повик за изразување интерес за национален финансиски експерт

април 29, 2019

Поврзани документи

Проектот „ Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии во Република Македонија“ има за цел поддршка на македонските претпријатија за постигнување континуирано подобрување во насока на енергетско ефикасно работење и намалување на трошоците за производство, преку отстранување на постоечки препреки, особено преку подобрување на политиките, законодавството и институциите за енергетска ефикасност и поттикнување на инвестиции во најдобрите достапни практики и технологии за енергетска ефикасност.

Проектот се заеднички се спроведува од страна на Организацијата за индустриски развој на Обединети Нации (УНИДО) и Регионалниот центар за животна средина за Централна и Југоисточна Европа – Канцеларија во Македонија (РЕЦ МК) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија и Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија, финансиран од Глобалниот Еколошки Фонд (ГЕФ).

Јавниот повик произлегува од проектната компонента 3 (ПК3), која има за цел да поттикне инвестиции во проекти и технологии за енергетска ефикасност, преку зголемување на употребата на достапните финансиски инструменти за инвестиции во индустриска енергетска ефикасност, но исто така има за цел да мобилизира дополнителни финансиски средства од националниот банкарски сектор.

Во овој контекст, УНИДО и РЕЦ МК бараат поддршка од искусен национален финансиски експерт. Целта на проектната задача на финансискиот експерт е да финализира дизајн на Комитет (Организациска Структура) за техничка помош и механизам за финансиска награда основана на докажан перформанс.

Заинтересираните и квалификувани експерти се замолуваат да достават (1) Изјава за заинтересираност и (2) лично резиме на ebozhinovska@rec.org најдоцна до 7ми Мај 2019. Детален опис на работните задачи за националниот финансиски експерт се достапни во прикачената Проектна Задача на англиски јазик (Terms of Reference).

: 303 views