Петти состанок на Проектниот Советодавен Комитет за проектот “Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на ивестициите во најдобри практики и технологии”

март 26, 2019

На 21 март 2019, се одржа Петтиот состанок на Советодавниот Комитет во рамки на проектот „Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии”. Проектот се финансира преку ГЕФ и се спроведува од страна на УНИДО и  Регионалниот центар за животна средина – канцеларија во Северна Македонија. На состанокот на Проектниот советодавен комитет присуствуваа партнерите на проектот, Министерство за економија на Р.Северна Македонија, Агенција за енергетика, Влада на Р.Северна Македонија, ЕУ делегација и многу други организации како и претставници од РЕЦ Канцеларијата во Северна Македонија и радоводите на проектот од УНИДО,  г. Марко Матеини. На состанокот, г-дин Матеини го презентираше постигнатиот напредок и планираните активности во рамките на проектот. Значителен успех постигнаа компиниите каде се спроведуваат системи за управување со енергија во партнество со УНИДО, РЕЦ Македонија и ЕВН. Г- Матеини најави дека до крајот на оваа година ќе се воспостави кредитната линија со премиум за спроведување на проекти за поттикнување на енергетска ефикасност во индустријата.

: 646 views