Повик за ангажирање помлад експерт за енергетска ефикасност

јануари 10, 2019

Поврзани документи

Регионалниот Центар за Животна Средина ангажира помлад експерт за енергетска ефикасност. Експертот ќе биде обучен да дава поддршка во администрирање и одржување на Платформа за дисеминација на најдобри пракси од енергетска ефикасност во индустријата. Позицијата е полно работно време со седиште во Агенцијата за енергетика на Република Македонија. Планираниот ангажман е до 31 декември 2019 година, при што, првите 2 месеци се платен пробен период, со можност за продолжување за преостанатиот период.

Заинтересираните апликанти треба да поднесат апликација со следните информации: Пропратно писмо со назнака за повикот за експерт; Лична биографија; Мотивационо писмо.

Рокот за поднесување на апликации е до 18.01.2019. Апликациите треба да се поднесат електронски на е-адреса: CO.Macedonia@rec.org. контакт лице за овој повик е Санда Митковска. Рокот за поставување прашања околу овој повик е 16.01.2019.

Детален опис на работната позиција е во прилог на овој повик.

: 279 views