Онлајн Jавна дебата за Политиката за економичност на горива на РМ

декември 24, 2018 | Nga bpetrova

Поврзани документи

На 24 декември 2018 година во 13 часот во Канцеларијата на Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ) во Македонија ќе започне јавна дебата за Политиката за економичност на горива на РМ. На дебатата ќе присуствуваат членовите на Работната Група која ја подготвуваше Политиката за да презентираат, дискутираат, дебатираат и одговараат на прашања од јавноста која ќе има можност да ја следи и учествува во расправата преку поставување прашања и оставање коментари на Facebook https://www.facebook.com/events/380399412707149/?notif_t=plan_user_invited¬if_id=1545148325088849.

Јавната расправа се одржува во рамки на проектот „Стабилизирање на емисиите на стакленички гасови од патниот сообраќај преку двојно намалување на потрошувачката на гориво: регионално спроведување на глобалната иницијатива за економија на горивото“.

Настанот ќе се одвива според следната агенда:

  • Презентација и дискусија за Политиката за економичност на гориво: основна состојба и преглед на мерки
  • Презентација и дискусија за резултатите од анкетата за корисници на возила, такси компании и дистрибутери
  • Презентација и дискусија за предлог за измена на методологијата за пресметка на надомест за животна средина при годишна регистрација на возила врз основа на СО2 емисии
  • Презентација и дискусија за на предлог за замена на Акцизата за увоз на возила со закон за данок на возила врз основа на СО2 емисии – соработка со Царинската управа на Република Македонија
  • Презентација и дискусија за предлог субвенции за „озеленување“ на возен парк
  • Дискусија на прашања и коментари од Facebook учесници

: 371 views