Регионална конференција на Балканскиот зелен појас

Регионална конференција на Балканскиот зелен појас

јуни 07, 2018 | Nga Milena Manova Ilikj

Од 6-7 јуни во Хотел Сириус, Струмица, РЕЦ Македонија учествуваше на Регионалната конференција на Балканскиот зелен појас, во организација на ЕУРОНАТУР и Македонското еколошко друштво (МЕД).

Балканскиот зелен појас е дел од коридорот на Европскиот зелен појас, којшто претставува еколошка мрежа со протегање од Баренцовото до Црното Море, опфаќајќи прекугранични подрачја на 23 земји, што вклучуваат некои од најважните живеалишта за биолошка разновидност од различни биогеографски региони во Европа.

Иницијативата за основање на Европскиот зелен појас потекнува од желбата за обединување на поранешната источна-западната граница на Европа попозната како „железна завеса“ – со единствена намера за заеднички, прекугранични активности во заштитата на природата и одржливиот развој.

На Конференцијата, РЕЦ Македонија претстави проект посветен на Дојранското Езеро како едно од позначајните водни живеалишта за презимните и миграторни птици вдолж подрачјето на Балканскиот зелен појас, споделувајќи спектар на активности во име на одржливото управување со екосистемот, преку програма за зајакнување на капацитетите, знаењата и свеста на различните заинтересирани страни и широката јавност за интегрираното управување со водни и природни ресурси, регионално вмрежување, научно-истражувачки кампови за утврдување на природните вредности на екосистемот и културно-едукативни содржини обединети во Музеј на дивиот свет на Дојранското Езеро.    

: 488 views