УНИДО експертска обука, Модул 2 - ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА за спроведување на Систем за управување со енергија (ЕнМС) во согласност со ISO50001, во рамки на ЕнМС програмата за репликација во соработка со ЕВН Македонија

април 25, 2018

Поврзани документи

  • Agenda
    (PDF document, 151.36 kB)

На 25ти, 26ти и 27ти април 2018 година во просториите на РЕЦ Македонија се одржува експертска обука – Модул 2  - ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА за спроведување на Систем за управување со енергија (ЕнМС) во согласност со УНИДО Методологијата и ISO 50001 (GEF – UNIDO EnMS USER Training Programme). Обуката се спроведува во рамките на ГЕФ – УНИДО проектот “Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии”, како дел од програмата за репликација на ЕнМС што се спроведува во соработка со ЕВН Македонија во неколку компании во Република Македонија.

Целта на експертската обука – Модул 2  - ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА е обучување на претставници од енергетските тимови на неколку компании во Република Македонија за суштинска имплементација на Систем за управување со енергија во согласност со ISO 50001, придобивките од спроведувањето на ЕнМС, спроведување ма оперативна контрола, мониторинг, документирање и можностите за континуирано унапредување на енергетските перформаси во компаниите.

Оваа обука е трета по ред од целокупната програма и втора експертска обука, што ќе допринесе кон градењето на националните капацитети за спроведување на систем за управување со енергија во индустријата. На обуката се очекува да учествуваат околу 15 учесници од различни индустриски сектори.

Предавачи на обуката ќе бидат УНИДО квалификуваните ЕнМС експерти, Г. Мирко Ристевски, дипл. елек. инж. и Г. Златко Ѓурчиноски дипл. елек. инж.

: 940 views