Меморандум за соработка со Општина Дојран

Меморандум за соработка со Општина Дојран

февруари 14, 2018 | Nga bpetrova

Денес, во општина Дојран, Шефот на мисијата на РЕЦ во Македонија, г. Игор Славкоски и градоначалникот на Општина Дојран, г. Анго Ангов потпишаа Меморандум за воспоставување на стратешка соработка помеѓу РЕЦ и Општина Дојран во спроведување на проекти за зачувување и промовирање на природните вредности на Дојранското Езеро.

Имајќи предвид дека Дојранско Езеро ужива статус на заштитено подрачје согласно Закон за прогласување на Дојранско Езеро како Споменик на природата од 2011 година (Сл.Весник на РМ бр.52/2011), како  и ценејќи ја вредноста на еко системот кој го поседува Дојранско Езеро, а  кој  го ползува не само локалното население, туку и големиот број на туристи во текот на целата година, ова е особено важен чекор кон одржива иднина.

Свесни за потребата од заедничко делување на локалната самоуправа, експертската и граѓанската заедница за вреднување на екосистемските услуги и поттикнување на одржливи практики за рибарство и туризам, а врз основа на билатералниот договор помеѓу Одборот на директори на Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Eвропа (РЕЦ) и Владата на Република Македонија, РЕЦ И Општина Дојран се одлучија за вложување заеднички напори и капацитети кон долгорочно одржливо управување и заштита на врдностите на Дојранското Езеро.

Рeгионалниот Центар за животна средина чие централно седиште е во Будимпешта, преку својата Мисија во Република Македонија со овој документ ја искажува својата спремност и стратешка определба за вложување на своите експертски и други капацитети во активности за зачувување на природните вредности на Дојранското Езеро. РЕЦ Македонија веќе трета година по ред како спроведува проект за развивање на капацитетите за одржливост на Дојранското езеро

Во рамки на настанот, г-дин Игор Славкоски, директорот на РЕЦ Македонија заедно со Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов и директорот на Природонаучниот музеј на Македонија Методија Велевски го посетија „Музејот на живиот свет во Дојранско езеро“ прва подружница на Природонаучниот музеј на Македонија со седиште во Стар Дојран. За време на посетата и прошетка низ постановките, донација на РЕЦ, се разговара за можностите за поголема промоција на музејот и пристапност на истиот за домашни и странски туристи.

 

: 854 views