Состанок на Локалниот советодавен одбор за оценување на предлог-проекти од SEEDLING повикот

декември 11, 2017 | Nga Milena Manova Ilikj

На 11 декември 2017 год. во просториите на Канцеларијата на РЕЦ во Македонија ќе се одржи состанок на Локалниот советодавен одбор (ЛСО) којшто ќе одлучува по основ на доставените пријави од Програмата за мали грантови, што се реализира во рамки на проектот: „СЕЕДЛИНГ – Воведување на Целите за одржлив развој на ОН во училиштата од ЈИЕ”, како поддршка во спроведувањето на активности за образование за одржлив развој во средните општи и стручни училишта во земјата. Корисници на Програмата за мали грантови се Граѓанските организации (ГО) и средните училишта од земјава.

Локалниот советодавен одбор којшто се избира со времетраење од 1 година, е должен да обезбеди процесот на донесување на одлуки во врска со доделувањето на грантови, да биде фер и непристрасен. Понатаму, тие се скапоцени партнери во мисијата на РЕЦ за промовирање на одржливиот развој, воопшто.

Проектот СЕЕДЛИНГ е финансиран од Австриската развојна агенција (ADA), преку средства обезбедени од страна на Австриската развојна соработка.

: 779 views