Четврти состанок на Проектниот Советодавен Комитет за проектот “Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии”

декември 07, 2017

Регионалниот центар за животна средина, Канцеларија во Македонија, во рамки на проектот „Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии”, кој се спроведува од страна на УНИДО, го организира Четвртиот состанок на советодавниот Комитет за проектот (ПСК).

Состанокот ќе се одржи на 14 декември 2017 година во Стопанска Комора на Македонија, 3-ти кат, со почеток во 11.30 часот.

На состанокот ќе учествуваат номинираните членови и/или заменици членови на ПСК, кои ќе го разгледуваат постигнатиот напредок и следните активности во рамки на проектот, како и можноста за реалокација на средства од заштеди од Компонента 1 и 2, во Компонента 3, односно повеќе средства за реални проекти во индустријата.