Претставување на Програмата за мали грантови во рамки на СЕЕДЛИНГ проектот

Претставување на Програмата за мали грантови од СЕЕДЛИНГ проектот

ноември 18, 2017


Поврзани документи

На 18.11.2017 год. (сабота) во рамки на Годишната средба на здруженијата на граѓани кои работат на полето на животната средина и одржлив развој во Република Македонија, што се одржа во Хотел „Сириус“, Струмица, во организација на Македонскиот зелен центар и Milieukontakt-Македонија, и под покровителство на:

  • Министесртвото за животна средина и просторно планирање (МЖСПП),
  • Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ),
  • Програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) и
  • Здружението на граѓани Еко-свест, Скопје, 

беше претставена Програмата за мали грантови од регионалниот проект: „Воведување на Целите за одржлив развој на ОН во училиштата од Југоисточна Европа“, којашто се спроведува од страна на Регионалниот центар за животна средина – Канцеларија во Македонија.

За време на презентацијата реализирана од страна на Националниот координатор за СЕЕДЛИНГ проектот, г.ѓа Милена Манова Илиќ, произлегоа следните прашања и појаснувања во врска со барањата од повикот и процесот на аплицирање, односно:

Прашања (П) и Одговори (О) во врска со

Повикот за мали грантови во рамки на СЕЕДЛИНГ проектот

П

Што се подрзбира под „платен персонал“ во Граѓанска организација (ГО)?

 

О

„Платен персонал“ подрзабира редовно вработени лица во ГО.

 

Но, заради фактот, што ретко која ГО има редовно вработени лица, односно истите се ангажираат по потреба (зависно од присуството на тековни проекти во реализација на ГО), за потребите на овој Повик, а во контекст на барањето за докажување на вашите раководни способности, кон доказот за континуриана работа на проекти во последните 3 (три) години, потребно е да доставите и доказ за платен надомест за лицата ангажирани од страна на ГО, кои работеле како Раководител на проект, Координатор/Соработник на проект и сл.

 

П

На местата во Формуларот за предлог-проект кадешто е наведен број на знаци, дали бројот на карактери се однесува СО или БЕЗ празно место?

 

О

Самиот Формулар во којшто се изготвува апликацијата во електронски облик, не е заклучен, така што не би Ве ограничувале во поглед на вкупниот број дозволени карактери (со празно место). Не е проблем и доколку малку го надминете наведеното ограничување.

 

П

Дали во формуларот за Буџет може да се дополни износ за in-kind контрибуција?

 

О

Формуларот за буџет не се дополнува со колона за in-kind контрибуција.

 

Доколку постои обезбедено нефинансиско учество (т.н. in-kind контрибуција), истото не се наведува во Формуларот за буџет. Било каква нефинансиска помош, како на пр. обезбедена сала за настани од страна на Локалната самоуправа и сл., се приложува во вид на Писмо за поддршка, како придружна/дополнителна документација кон пријавата (видете поглавје 2.1.2 од Анекс 0). 

 

Доколку ГО обезбеди кофинансирање од страна на друг донатор, во Формуларот за буџет се наведува износот на кеш контрибуцијата и се приложува Документ за кофинансирање.

 

П

Дали наставниците што ќе бидат ангажирани во проектот може да добијат надомест за учеството?

 

О

Наставниците што ќе бидат вклучени во реализација на проектот, се всушност корисници на грантот. Како такви, тие не подлежат на надомест за ангажман.

 

П

Каков документ може да приложат ГО пред општините/градоначалниците – со којшто се потврдува поддршка за проектот од страна на Министерството за образование и наука?

 

О

Писмото за поддршка, потпишано од Министерот за образование и наука, г.дин Абдулаќим Адеми е дадено во прилог на овој запис за настан (погледнете во секцијата Поврзани документи)