Анализа на недостатоци и препораки за унапредување на ЦОР

октомври 27, 2017

Поврзани документи

Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ) – Канцеларија во Македонија, на 2 ноември 2017 год. (четврток), во Клубот на пратеници во Скопје, со почеток од 12.00 ч. организира промотивен настан за претставување на Анализата на недостатоци и препораки за унапредување / интегрирање на Принципите за одржлив развој на Обединетите Нации во наставните програми за средно образование во Република Македонија.

Целта на промоцијата е присутните гости да се запознаат со методологијата што беше применета за изготвување на анализата, утврдените наоди и идните препораки за посеопфатно воведување на Целите за одржлив развој во наставните програми во средните училишта во Република Македонија.