Недела на ИЕА за енергетска ефикасност

Недела на ИЕА за енергетска ефикасност

октомври 19, 2017

Во периодот од 19-20 октомври 2017 година во Тбилиси, Грузија ќе се одржи состанок на земјите од Источна Европа во рамки на Глобалната Иницијатива за економија на горивата (Global Fuel Economy Initiative - GFEI).

На состанокот ќе присуствуваат сите земји што имплементираат GFEI проекти во Источна Европа и Кавказ за да разговараат за тековниот напредок и предизвици во развојот и спроведувањето на Политиката за економија на горивото на национално ниво, како и плановите за 2018 година и понатаму.

Сесијата за GFEI во Источна Европа ќе се одржи на маргините на обуката за „Недела на ИЕА за енергетска ефикасност“ во Тбилиси, Грузија, од 16 до 20 октомври 2017 година.

РЕЦ, Канцеларијата во Македонија го спроведува проектот "Стабилизирање на емисиите на стакленички гасови од патниот сообраќај преку удвојување на глобалната економичност на горивото: регионално спроведување на глобалната иницијатива за економија на гориво (GFEI)" и во рамки на проектот од страна на РЕЦ на заедничкиот состанок во Тбилиси ќе учествуваат Ана Петровска, постар технички експерт и Јоже Јовановски, технички експерт на проектот.

Се очекува на состанокот да се одржи обука за методологијата за поставување на основни параметри на GFEI, разгледување на националните основни податоци, обука за GFEI feebate и FEPiT алатки и да се усогласи Работен план во регионот за 2018 година.