Подобар пристап до правда во ЦИЕ

Подобар пристап до правда во ЦИЕ

октомври 16, 2017

Поврзани документи

Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) го спроведува проектот “Подобар пристап до правда во ЦИЕ” кој е финансиран од страна на Програмата за советодавна помош на Германското Федерално Министерство за животна средина (герм. AAP) за заштита на животната средина во земјите од Централна и Источна Европа, Кавказ и Централна Азија, како и други соседни земји на Европската Унија. Програмата е надгледувана од страна на Германската Агенција за животна средина (герм. UBA).

Во периодот од 18-19 октомври 2017 година, во салата на Академија на судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во Скопје, РЕЦ организира дводневна обука за пристап до правда за судии и јавни обвинители од Република Македонија.

Обуката обезбедува можност за судиите, јавните обвинители и правните експерти од Република Македонија да ги разберат подобро побарувањата за пристап до правда на Архуската Конвенција, соодветните директиви на ЕУ и националното законодавство и

  • Ќе биде интерактивна платформа за размена на искуство
  • Ќе овозможи увид во тоа како функционира пристапот до правда во ЕУ и други земји
  • Ќе се решаваат поголемите потешкотии и разлики во имплементацијата на правата за пристап кон правда, и решенијата за отстранување на бариерите за пристап до правда.

Обуката е организирана врз основа на соодветни студии на случај и прикажување на судски случаи за да се илустрираат најпроблематичните прашања поврзани со пристап до правда кај проблемите со животната средина.

Главен предавач на обуката е меѓународниот експерт, г-дин Јержи Јендрошка.