SEEDLING повик за програма за мали грантови

РЕЦ и Австриската агенција за развој ја објавуваат Програмата за мали грантови за Југоисточна Европа.

октомври 10, 2017

Поврзани документи

Спроведувањето на Целите за одржлив развој (ЦОР) е динамичен процес на приспособување, учење и делување. Претставниците на меѓународната заедница се согласни на секое ниво – глобално, регионално и национално – дека траен мир и напредок може да се обезбедат само преку трансформација кон одржлив развој што ќе резултира со одржливи стопанства и заедници. За да се остварат значителните промени што се неопходни за трансформацијата, треба да се примени проактивен пристап во образованието за одржливост, со силно нагласување на создавањето стратешки партнерства.

Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Македонија, Црна Гора и Србија се соочуваат со слични проблеми во реформирањето на образовните системи. Концептот „одржлив развој“ е познат, но постојат многу малку алатки што гарантираат дека тој ќе биде обработен во образовниот систем.

Цел на проектот е зајакнување на образованието, развојот на капацитетите и зголемување на свеста за новите цели за одржлив развој (ЦОР) во земјите од ЈИЕ преку нивно внесување во националните наставни програми (средно образование) и преку регионална соработка и вмрежување меѓу одговорните за носење одлуки, педагозите и наставниците.

Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ), заедно со Австриската агенција за развој (АДА), којашто финансиски го поддржува спроведувањето на СЕЕДЛИНГ проектот, објавува Програма за мали грантови во:  Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, поранешната југословенска Република Македонија, Црна Гора и Србија. Вкупниот износ е 200.000 ЕУР за целиот регион, а максималниот износ на поединечен грант е 7.000 ЕУР. Бројот на грантови доделени во секоја земја ќе зависи од квалитетот на предлог-проектите и од бројот на општи и стручни средни училишта во земјата, за да се постигне еднаква распределба меѓу корисниците. Бројот на доделени поединечни грантови за Македонија ќе изнесува 5.

Програмата за мали грантови е достапна за Граѓански организации (ГО) што работат во областа на образованието и одржливиот развој. Партнерството со едно или повеќе општи и/или стручни средни училишта е задолжително, бидејќи активностите треба да се фокусираат на спроведување на Целите на ОН за одржлив развој во училницата.

*Со резолуција на ОН 1244