IREX моментално примаат апликации за 2018-2019 година

септември 20, 2017

IREX моментално примаат апликации за Програма за општински решенија (Community Solutions Program - CSP) од 2018–2019 год. Рокот за пријавување е 31 октомври, 2017 год., до 11:59 на пладне по EDT.

Програмата за општински решенија (CSP) е едногодишен програм за професионален развој на лица кои работат на подобрување на нивните општини решавајќи проблеми поврзани со животната средина, толеранција и решавање на конфликти, транспарентност и одговорност, жени и пол.

За периодот 2018–2019, ќе бидат избрани да учествуваат во програмата највеќе 100 активисти на општините, а тука е вклучено:

  • Четири-месечна стипендија во САД: Стипендистите на оваа програма се распоредуваат кај организации-домаќини во САД каде ќе се стекнат со четири-месечно, лично професионално искуство.
  • Институтот за лидерство во општините: Стипендистите на оваа програма учествуваат во Институтот за лидерство во општините, програма за обука на лидери направен за да се зајакнат нивните лидерски и раководни вештини. Институтот прави обуки со лично присуство, online курсеви, професионални инструктори и вмрежување.
  • Иницијативи од општината: Додека престојуваат во САД и со помош на нивните организации-домаќини од САД, стипендистите на оваа програма ќе направат и испланираат иницијатива за развој на општината или проект кој би се извршил откако ќе се вратат дома. Откако стипендистите ќе си заминат од САД, ги активираат овие проекти во нивните домашни општини.

Инструкции за аплицирање

Апликациите мора да се поднесуваат online на https://oas.irex.org/csp до 31 октомври, 2017 год., до 11:59 на пладне по EDT. Апликации кои се испраќаат по пошта, по факс, или e-mail до IREX нема да бидат прифатени.

Апликантите мора да бидат помеѓу 25 и 38 години со 1 јануари, 2018 година и да бидат од една од следните земји:

  • Африка: Боцвана, Камерун, Демократска Република Конго, Етиопија, Кенија, Гана, Гвинеја, Либерија, Малави, Мозамбик, Намибија, Руанда, Сиера Леоне, Јужен Судан, Судан, Танзанија, Уганда, Замбија и Зимбабве.
  • Источна Азија и Пацифик: Бурма, Камбоџа, Федерални Држави на Микронезија, Индонезија, Лаос, Малезија, Монголија, Папуа Нова Гвинеја, Филипини, Република на Маршалските Острови, Сингапур, Тајланд, Источен Тимор и Виетнам.
  • Европа: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словакија, Турција и Украина.
  • Среден Исток и Северна Африка: Алжир, Египет, Ирак, Израел, Јордан, Либан, Либија, Мароко, Сирија, Тунис и Западен Брег/Палестински Области.
  • Јужна и Централна Азија: Бангладеш, Бутан, Малдиви, Непал, Казахстан, Киргистан, Пакистан, Шри Ланка, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан.
  • Западната полутопка: Боливија, Бразил, Колумбија, Костарика, Доминиканска Република, Еквадор, Ел Салвадор, Гватемала, Хаити, Јамајка, Парагвај, Перу, Тринидад и Тобаго и Уругвај.