Покана за учество на LEDS-EEP Вебинар

август 31, 2017

Платформата за развојни стратегии за ниски емисии во рамки на Глобалното партнерство за регионот на Европа и Евроазија (LEDS – EEP

Со задоволство Ве покануваме да учествувате на Вебинари (онлајн обука/презентации) за алатки и методологии за одржливо енергетско планирање на општинско и регионално ниво (Tools and Methodologies for Municipal and Regional Sustainable Energy Planning), организирани во рамки на Платформата за развојни стратегии за ниски емисии во рамки на Глобалното партнерство за регионот на Европа и Евроазија (LEDS – EEP), која ја спроведува Регионалниот центар за животна средина. Целта на Платформата е да им се помогне на земјите од Европа и Евроазија да постигнат реформски, климатски обзирен и одржлив економски раст во 21-от век. За таа цел LEDS – EEP формира и поддржува мрежа на стручни лица во Источна Европа и во земјите на Црноморскиот регион и овозможува взаемно (peer-to-peer) учење, размена на знаења, вебинари, советодавна поддршка и подобрување на регионалната координација и соработка.

Вебинарите се претежно намемети за стручни лица од локалните, регионалните и националните институции, консултанти за енергетска ефикасност, инженери, аналитичари итн.. Вебинарите се отворени и бесплатни за сите заинтересирани учесници. Вебинарите ќе се одржуваат на англиски јазик (без превод). Повеќе информации за Вебинарот и упатство за пријавување – слушање, може да најдете на следниот линк: http://www.leds-eep.org/news-article.php?id=45

Вкупно, ќе се одржат 9 (девет) Вебинари на различни теми, во периодот од  06 септември до 25 октомври 2017 година (дадени подетално во Програмата во прилог):

  1. Вовед во енергетското планирање во градовите и клучните алатки [датум - 6 September / 12:00-13:00 CET];
  2. Преглед на искуството во ЕУ за регионално енергетско планирање - [датум - 19 September / 10:00-11:00 CET]
  3. Презентација на LEDS GP алатката 2.0: Водечки инструменти и методологии за планирање на одржлива енергија - [датум - 21 September / 12:00-13:00 CET]
  4. Широко опфатен систем за планирање на алтернативни енергии (LEAP) за планирање на енергетскиот сектор на општинско ниво [датум - 27 September / 15:00-16:00 CET]
  5. Употреба на LEAP и едноставна општинска -EIPMP алатка за развој и следење на SEAP во грузиските општини - [датум - 4 October / 12:00-13:00 CET]
  6. Интегрирана рамка за планирање за развој на одржливи и градови отпирни на климатски промени - [датум - 11 October / 14:00-15:00 CET]
  7. Методи за собирање на податоци за енергетските системи и мрежите во градовите - согледувања од проектот InSMART [датум - 17 October / 14:00-15:00 CET]
  8. LEAP пристап: помагање на градовите со аналзии на енергијата и планирање - (датум - 19 October / 15:00-16:00 CET)
  9. Истражување на интегрираните енергетски акциони планови за одржлива транзиција во проектот InSmart: - [датум - 25 October / 14:00-15:30 CET]

Заинтересираните учесници задолжително да  испратат пријава за учество  до Тор Моранте од Регионалниот Центар за животна средина во Унгарија на следниот Е-mail: tmorante@rec.org,  За дополнителни информации може да се обратите и до Канцеларијата на РЕЦ во Македонија, до следните лица:

Ана Петровска, Постар технички експерт во РЕЦ, Канцеларија во Македонија

Тел. 075 469 384, Е-маил: APetrovska@rec.org

Јоже Јовановски, технички експерт во РЕЦ, Канцеларија во Македонија

Тел. 075 469 385, Е-маил: JJovanovski@rec.org

Доколку имате одредени проблеми за следење на Вебинарот, Канцеларијата на РЕЦ во Скопје, може да организира и групно следење за максимум 20 учесници (ораничено заради капацитетот на салата). Очекуваме дека ќе се пријавите на Вебинарот со оглед на актуелноста на темата и широкиот опфат на темите.

Со Вашето учество и активности во LEDS-EEP ќе помогнете да се намалат јаглеродните емисии и да се создаде иднина отпорна на климатските промени во земјите на Европа и Евроазија преку соработка и размена на информации, упатства, како и обука за клучните прашања за градење на капацитетите и координирано дејствување во целиот регион. Затоа, Ве покануваме да се регистирате како учесници во регионланата платформа. Учеството е бесплатно и на доброволна основа. Пријавувањето е едноставно преку следниот линк: http://www.leds-eep.org/registration.php

Некои од придобивките за Вас од членство и/или учеството во активности во Платформата се:

  • Добивање на техничка помош и помош при планирање со цел да се достигнат целите за ефикасност и обновливи извори на енергија за национално определните цели за придонес поставени од земјите на UNFCCC СОР 21 во Париз;
  • Учење и придонес за најдобрите практики и оптимално моделирање на законите и подзаконските акти за адресирање на чиста енергија, енергетска ефикасност и развој на ниско – јаглеродни емисии;
  • Учење на најдобрите практики во креирање на политики, финансирање, набавка и спроведување;
  • Поврзување и соработка со заинтересираните страни, лидерите и експертите од областа на LEDS во земјите од регионот и од целиот свет.

Ви посакуваме успешно учење и надградба на Вашето познавање во областа преку учество во Платформата за развојни стратегии за ниски емисии во рамки на Глобалното партнерство за регионот на Европа и Евроазија (LEDS – EEP).