ПОВИК ЗА КОМПАНИИ И ЕКСПЕРТИ/КОНСУЛТАНТИ ЗА УЧЕСТВО во Програмата на УНИДО за градење капацитети и спроведување и оптимизација на системи за компримиран воздух (САSO) во индустријата

август 23, 2017

Ни претставува огромна чест и задоволство да Ве поканиме за учество во УНИДО Програмата за градење капацитети, спроведување и оптимизација на системи за компримиран воздух (САSO) во индустријата!

 

Во рамки на Програмата предвидени се обуки, кои ќе се одржат во периодот од  01 – 10 ноември 2017 година. Обуките ќе ги одржи г-дин Том Таранто, меѓународен CASO експерт/обучувач. Учеството на обуките е бесплатно, а доколку сте надвор од Скопје, патните и трошоците за сместување на учесниците ги покрива компанијата/самиот учесник. Повеќе детали за обуката може да видите во Повикот за пријавување на интерес за учество на обуката.

 

Ве молиме да изразите интерес за:

 

  1. Учество на Обуката за корисници (CASO USER Training)
  2. Учество на Обуката за експерти (CASO EXPERT Training)

 

За обуката за корисници (во времетраење од 2 дена), сите пријавени учесници ќе имаат право да ја посетуваат истата.

 

За обуката за експерти потребно е да ги исполнувате бараните квалификации дадени во прилог на повикот. Меѓународниот експерт ќе врши селекција на пријавените кандидати за обуката за експерти. За таа цел, заедно со искажаниот интерес за експертската обука, потребно е да доставите Ваша биографија на англиски јазик (CV).

 

По предавање на Извештаите за процена за одредена компанија, сите учесници од обуката за експерти ќе полагаат завршен испит.  Учесниците на УНИДО обуката за експерти кои успешно ќе ја завршат Програмата ќе добијат Сертификат за квалификуван UNIDO CASO експерт и стануваат подобни за проектот да може да ги ангажира да даваат обуки или технички совети за CASO на други компании, за што ќе ги добијат сите материјали од CASO обуката на UNIDO за корисници.

 

Доколку имате интерес за учество, Ве молиме да се обратите на подолу наведените контакти, со цел да Ви ги доставиме следните документи:

  1. Повик за учество во Програмата (на македонски и на англиски јазик)
  2. Флаер за Обуката за корисници (2 дена) (на македонски и на англиски јазик)
  3. Флаер за Обуката за експерти (5 дена) (на македонски и на англиски јазик)
  4. Критериуми за избор на лица за обуката за експерти (на македонски и на англиски јазик)

 

Ве молиме, Вашиот интерес за учество во однос на првата и втората обука (точки 2 и 3 погоре) да го доставите најдоцна до 05 септември 2017 година.

 

Ве молиме, Вашиот интерес да го изразите преку електонска пошта на следните контакти:

Ана Петровска, Постар технички експерт во РЕЦ, Канцеларија во Македонија

Тел. 075 469 384, Е-маил: APetrovska@rec.org

Јоже Јовановски, технички експерт во РЕЦ, Канцеларија во Македонија

Тел. 075 469 385, Е-маил: JJovanovski@rec.org

За сите дополнителни информации Ви стоиме на располагање.