Во периодот од 28 септември до 30 септември 2016 година се одржа експертска обука наменета за енергетските тимови, а во областа на проверка на системите за управување со енергија (Модул 3). На обуката присуствуваа околу 40 национални консултанти и претставници од следните претпријатија – партнери на проектот: Арчлор Митал - Скопје, Вардар Доломит - Дебар, ЕЛЕМ Енергетика - Скопје, Јавно комунално претпријатие „Комуналец“ - Струмица, Јока - Струмица, Кнауф - Дебар, Макстил - Скопје, Пивара - Скопје, Технолошко - металуршки факултет, Скопје, Алкалоид – Скопје и Џонсон Мети - Скопје. Вториот ден од обуката, учесниците ја посетија партнер компанијата „Вардар Доломит“, која беше домаќин на вежба наменета за спроведување на внатрешна контрола (Internal Audit). Учесниците работеа во групи и ја анализираа усогласеноста на постојниот систем за управување со енергија во „Вардар Доломит“ со барањата на ИСО 50001 стандардот. За повеќе детали погледете во Дневиот ред и Листата на учесници на состанокот:
Експертска обука за проверка на системите за управување со енергија (Модул 3)
октомври 10, 2016

