Советодавен Kомитет на Проектот – СКП

мај 10, 2016

Во рамки на проектот “Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии”, кој се спроведува од страна на УНИДО и Канцеларијата на РЕЦ во Македонија како партнер, се формираше Советодавен Kомитет на Проектот – СКП (Project Advisory Committee). Меѓудругото,улогата на СКП е да врши преглед на напредокот во спроведувањето на проектот согласно Планот за работа, да ја олеснува соработката меѓу вклучените партнери во спроведувањето на проектот, да обезбедува насоки, следење, оценување и видливост на проектот, да работи на стекнување на чувството за сопственост на проектот меѓу партнерите и да го поддржува проектот и одржливоста на резултатите од истиот. РЕЦ Канцеларијата во Македонија ја има улогата на Секретаријат на СКП. Во СКП членуваат членови и заменици – членови врз основа на добиени официјални номинации од сите вклучени страни во реализацијата на проектот. Членовите на СКП се претставници од следните институции/организации: 1. Кабинетот на Замник претседателот на Владата, задолжен за економски прашања 2. Министерство за економија 3. Министерство за животна средина и просторно планирање 4. Агенција за енергетика на Република Македонија 5. Секретаријатот за европски прашања 6. Македонска Банка за поддршка и развој 7. Стопанска комора на Република Македонија 8. Машински факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје 9. Технолошко - металуршки факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје 10. Македонската Академија на науки и уметности - МАНУ 11. Невладини организации во полето на заштита и унапредување на животната средина 12. Организации и здруженија на жени 13. Делегацијата на ЕУ во Република Македонија 14. USAID 15. UNIDO 16. UNDP 17. GIZ 18. EBRD 19. WB 20. KfW СКП досега одржа три состаноци во рамки на проектот, според следниот редослед: - Воведен состанок за проектот (Kick – off Meeting), одржан на 28.05.2015 година - Втор состанок на СКП, одржан на 10.11.2015 и - Трет состанок на СКП, одржан на 04.05.2016 година - Следниот, Четврт состанок на СКП, се планира да се одржи во прва половина на 2017 година.

: 1,175 views