Новиот Извршен Директор на РЕЦ претставен за време на Генералното Собрание Извршниот Директор во заминување добива пофалби на Генералното Собрание на РЕЦ 1 декември 2016 година, Сентендре, Унгарија Регионалниот Центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ), меѓународна организација водена од мисијата за поттикнување на одржливиот развој преку партнерства помеѓу сите општествени чинители, со големо задоволство му посакува добредојде на г. Михаил Димовски (Македонија), како нов извршен директор. “Биографијата на Димовски демонстрира вештини и способности кои се од фундаментално значење за справување со стратешките предизвици и можности во регионот на РЕЦ” – рече Н.Е Јари Вилен, Претседател на Одборот на Директори на РЕЦ и Амбасадор и Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Советот на Европа во Стразбур. Новиот извршен директор беше избран преку темелен процес и со едногласна одлука на членовите на Одборот на Директори на РЕЦ. “Димовски има широко разбирање не само на регионот, туку и на самата организација РЕЦ, затоа што има поминато близу 14 години во РЕЦ (1999-2013) како лидер на тематската област за Законодавство, Спроведување и Почитување на законите”, додаде Вилен. Во изминатиот период, тој работел за Австриската Агенција за Животна Средина, како и за многу други мултинационални консултантски компании во улога на виш експерт за проектно планирање, организација и спроведување. “Со голема чест ја примам довербата на Одборот на Директори на РЕЦ да раководам со оваа престижна меѓународна организација” изјави Димовски пред Генералното Собрание на РЕЦ. “Треба да продолжиме да се развиваме со цел уште повеќе да го зајакнеме нашиот печат врз животната средина во земјите кориснички. За да постигнеме значителни резултати, ние треба пред се да ги усовршуваме нашите економски, професионални и технички капацитети”. “И додека ни претставува големо задоволство да го најавиме ова назначување, истовремено ја изразуваме нашата благодарност до директорот во заминување, г.ѓа Марта Сигети Бониферт”, истакна Вилен. Од 2003 година, Сигети Бониферт инспирираше и спроведе значителни подобрувања во структурата и менаџментот на РЕЦ, што резултираше со исклучително влијание во регионот на Централна Европа и пошироко, во областите на едукација за одржлив развој, климатска димпломатија, учество na јавноста и управување со водите. “Денес можам да забележам бројни лица, партнери и пријатели, со кои соработувавме низ годините наназад и се надевам дека овие партнерства и пријателства ќе се зајакнат во годините што претстојат” изјави Сигети Бониферт пред Генералното Собрание. Под нејзино раководство, РЕЦ стана полноправна меѓународна организација благодарејќи на посебната подршка од нејзините основачи (САД, Унгарија и Европската Комисија), како и на политичката поддршка од сите РЕЦ Земји Потписнички. Во текот на изминатите 13 години, РЕЦ има спроведено проекти и програми во вкупна вредност од 170 милиони Евра, мобилизирајќи ги финансиската помош и соработка со донаторската заедница, партнерските организации и општествените чинители од земјите кориснички. “Нејзината визија, знаење и безгранична енергија беа од суштинско значење за успехот на РЕЦ”, изјави Џејн Нишида, Заменик Раководител на одделението за меѓународна соработка при US EPA (Американска Ангеција за заштитѕа на животната средина). Новиот извршен директор ја започнува својата должност на 1 Јануари 2017 год. година и ќе ги превземе сите одговорности од 1 Февруари 2017 година, по завршувањето на транзицискиот период. Контакт: г. Жолт Бауер, Zsolt Bauer zsbauer@rec.org www.rec.org Канцеларија на РЕЦ во Македонија: Г.ѓа Катарина Георгиевска Директор KGeorgievska@rec.org Tel. 075/ 469 380 www.mk.rec.org
Соопштение за јавност
декември 01, 2016

