Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ), Канцеларијата во Македонија, во соработка на Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП), спроведува проект за Одржлив ниско-јаглероден транспорт (“Стабилизирање на емисиите на стакленички гасови од патниот сообраќај преку удвојување на глобалната економија на горивото: регионално спроведување на глобалната иницијатива за економија на горивото (Global Fuel Economy Initiative – GFEI)”). Оваа иницијатива поддржува мерки и планови на национално ниво за подобрување на економијата на горивото на автомобилите и нејзино двојно зголемување до 2050 година. УНЕП и РЕЦ тековно работат на воспоставување на национална политика во оваа сфера. Во рамки на проектот беше предвидено одржување на Студиска посета во Словенија. Студиската посета се одржа во периодот 14 - 18 ноември 2016 година во Љубљана, Словенија за дел од членовите на Работната група, формирана во декември 2015 година во рамките на проектот. На студиската посета учествуваа вкупно 9 членови: од Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија, експерт ангажиран на проектот и претставници од РЕЦ Канцеларија во Македонија. Согласно Агендата, со Студиската посета во Словенија се постигнаа следните цели: - Добивање информации за постојниот систем за регистрирање на возилата и размена на податоци за регистрираните возила, вклучително и податоците за економија на горивото; - Запознавање на политиките и стратегиите во Словенија за користење на алтернативни енергетски извори во Секторот транспорт и поставување на инфраструктура за напојување; - Добивање на информации за постојното оданочување на возилата кое има за цел намалување на СО2 емисиите од патничките и комерцијалните возила, како и за ефектите од ова оданочување врз структурата на возниот партк и енергетската ефикасност на возилата; - Информирање за вклученоста на сите засегнати страни во системот за регистрација на возила, оданочување и достап на информации од јавен карактер; - Увид на Станица за технички преглед за моторни возила за да се види системот на технички преглед на возилата, мерење на параметри и поврзаност со системот за регистрирање на возилата. Во рамки на Студиската посета беа дадени следните презентации: - Десет посебни презентации од различни учесници во рамки на конференцијата за “Обезбедување на инфраструктура за атернативни горива по должината на ТЕН-Т мрежата и во урбаните јазли во Словенија“; - Евиденција на моторните возила во Словенија, Д-р Роберт Јерончиќ; - СРЦ (МРВЛ) системско вмрежување на податоци, Клемен Бергант; - Размена на искуство во спроведување на Директивата за распоредување на инфраструктура за алтернативни горива (2014/94/ЕС), Матјаж Врчко; - Систем за пренос на податоци од јавен карактер, Министерство за администрација, Алеш Вершич; - Регулирање на обновливи извори на енергија во сообраќајот, Андреја Белавич Бенедик; - Одржлива мобилност и транспортни политики, Бојан Жлендер; - Претставување на системот за оданочување на возила во Словенија, претставници од Управата за даночни приходи на Словенија Студиската посета беше оценета од страна на учесниците како доста успешна и корисна во пренесување на словенечкото искуство, кое може да се користи во македонскиот случај на воспоставување на платформа на податоци за регистрација на возила и реформа во даночниот систем за регистрација на возила преку воспоставување на механизмот на ниско јаглеродни емисии во секторот транспорт.
Студиска посета во Словенија
ноември 18, 2016

