Повик за избор на Национални експерти за развивање на правно-институционални и финансиски модели за социјално претприемниш

ноември 11, 2016

Канцеларијата на РЕЦ во Македонија, во рамки на проектот: „Одржливост на Граѓански здруженија преку вмрежување за социјално претприемништво“, што се финансира во рамки на ИПА програмата TAIB 2011, објавува Повик за избор на Национални експерти што треба да развијат правно-институционални и финансиски модели за социјално претприемништво и социјална кооперативност. За реализација на задачата во рамки на овој повик, за избор на најдобар Правно-институционален и финансиски модел на социјално претприемништво и најприкладен Модел за договор за кооперативност, потребни се двајца експерти (или тим од експерти) и тоа: - 1 експерт за правно-институционални аспекти на моделите за социјално претприемништво и социјална кооперативност и - 1 експерт за економски / финансиски механизми за одржливост на моделите. Деталите за начинот на пријавување се дадени во Повикот подолу. Рокот за доставување на бараните документи е 11 ноември 2016 год. (петок).

: 1,203 views