Во рамки на проектот “Развивање на капацитети за одржливост на Дојранското Езеро“ Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ) пристапува кон изработка на Студија за валоризација на Дојранското Езеро, во партнерство со Медитеранскиот Центар за Климатски Промени (ЦМЦЦ) од Италија. Клучната цел на проектот е здружување на претставниците на локалната самоуправа и релевантните чинители во општината, со цел да комуницираат, дискутираат и работат заедно (преку реализација на работилници, тркалезни маси, студиска посета, дискусии, кампањи, настава во природа) за унапредување на интегрираното управување со водите и природните ресурси во рамки на екосистемот Дојранско Езеро. Проектот кој го спроведува РЕЦ има 3 компоненти. I. Вовед Во 1977 е донесен првиот Закон со кој се пропиша заштитата на Дојранското Езеро во рамки на СФРЈ: Закон за заштита на Дојранско, Охридско и Преспанско Езеро. Овој закон беше во сила се до донесувањето на Законот за заштита на природата (2004 год.) и негово стапување во сила (2005 год.). Во 2011 година согласно Законот за заштита на природата беше донесен Законот за прогласување на Дојранското Езеро за споменик на природата (Сл. Весник на РМ, бр. 52/2011). Согласно овој закон општина Дојран е определена за надлежен орган за управување со Споменикот на природата – Дојранско Езеро. Со оглед на фактот што Правилникот за содржината на студијата за валоризација или ревалоризација на заштитено подрачје (Сл. Весник на РМ бр. 26/2012) согласно Законот за заштита на природата е донесен на 21.02.2012 год., Законот за прогласување на Дојранското Езеро за споменик на природата е донесен без претходна изработка на Студија за валоризација на Дојранското Езеро (во понатамошниот текст „Студијата“). Истата досега не е изготвена. Врз основа на горенаведените моменти, РЕЦ определи компонента со финансиска поддршка од CEPF и намени финансиски средства за изработка на ваква Студија, а по претходна препорака и од Министерството за животна средина и просторно планирање. II. Потреба од ангажирање на краткорочен консултант РЕЦ во партнерство со ЦМЦЦ ќе ја изработува Студијата во период од февруари до декември 2016 год. Студијата за валоризација на Дојранското Езеро ќе се изработува во согласност со Правилникот за содржината на студијата за валоризација или ревалоризација на заштитено подрачје од 2012 год. (Прилог 1). РЕЦ има потреба од ангажирање на стручни лица од различни области за изработката на задачите кои можете да ги превземете на линковите подолу:
Проектна задача за ангажирање на краткорочен експерт
август 03, 2016

