Стабилизирање на емисиите на стакленички гасови од патниот сообраќај преку двојно намалување на потрошувачката на гориво

мај 17, 2016

Во периодот 17-19 мај 2016 год. во Хотел Романтик во Велес, Канцеларијата на Регионалниот Центар за Животна Средина (РЕЦ) во Македонија организираше обука за Политиките за економија на гориво во Р. Македонија во рамките на GEF-UNEP проектот: Стабилизирање на емисиите на стакленички гасови од патниот сообраќај преку двојно намалување на потрошувачката на гориво: регионално спроведување на глобалната иницијатива за економија на горивото. На обуката учествуваа членови на работната група формирана во рамките на овој проект, која вклучува претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија, министерството за транспорт, Министерството за внатрешни работи, Машинскиот факултет, МАНУ, увозници на возила, ОКТА, Макпетрол и Невладини организации.

: 1,316 views