На 14 и 15 март во Регио Емилиа, Италија се одржува 5-от координативен состанок на сите партнери вклучени во проектот „Развивање на Национални професионални стандарди и програми за стручно образование во делот на управување со медицински отпад (EU HCWM)“ финансиран во рамки на европската програма Леонардо да Винчи. Покрај канцеларијата на РЕЦ во Македонија, во овој проект партнери се и канцелариите на РЕЦ во Албанија и Словенија со цел поддршка за воспоставување на соработка помеѓу професионалните мрежи за управување со медицински отпад во земјите од Централна и Источна Европа. На овој координативен состанок беа разгледани досегашните активности, беа усвоени забелешките во однос на стандардните квалификации за управители со отпад и модулот за обука на идните управители со отпад согласно предложените квалификации. Прв пат беше предложена и дискутирана е-платформата за учење преку која заинтересираните кандидати можат да добијат проценка на нивното знаење и компетенции за управување со медицински отпад или пак да се пријават за формална обука и стекнување на овие квалификации. Медицинскиот отпад е вид на опасен отпад и сите здравстевни установи кои го создаваат треба да управуваат со него согласно Законот за медицински отпад (Сл. Весник на РМ бр. 68/04 и 71/04 и 107/07).
5-ти координативен состанок на сите партнери вклучени во проектот EU HCWM
март 16, 2016

