8-ма Европска конференција за одржливи градови - “Трансформациски активности: потенцијалот за Европа”, а ќе се одржи во период од 27-29 април, во Баскија, Билбао, ќе се фокусира на потребата за акција на локалната самоуправа со цел да се променат неодржливите развојни патишта и со тоа да се обликува европската иднина. Тридневната конференција ќе се одржи во палатата Euskalduna во Билбао. Конференцијата ќе биде пропратена и со голем број на пред-настани. Пленарни сесии со реномирани говорници ќе се надополнат со интерактивни сесии, каде што учесниците ќе имаат можност да се сретнат и да разговараат со активисти кои се во првите редови на одржливо размислување, практики, политики и имплементација, како и размена на искуства и најдобри практики. Покрај богатата програма, мобилните работилници ќе ги покажат клучните аспекти на урбаната трансформација во три Баскиски окрузи (Bizkaia, Gipuzkoa и Araba). Учесниците ќе имаат можност да слушнат повеќе од 100 говорници, да погледнат успешни проекти во насока на одржливост, и да уживаат во земјата и во светот на познатата кујна. Земајќи го во предвид наследството од седумте претходните настани, почнувајќи од Алборг во 1994 година, овој настан има за цел да собере учесници од локалната самоуправа и националните влади, ОН и европските институции, како и невладини организации, истражувачки институти и компании. Настанот е организиран од страна на ICLEI- Локални власти за одржливост, Владата на Баскија, Советот и Градското собрание на областа Баскија, со учество на Удалсареа 21 - Мрежа на општините за одржливост на Баскија, и со поддршка на Советот на Округот Араба, Округот Гипузкоа Каунти, Советот на Град Доностиа / Сан Себастијан и Советот на Виторија. За повеќе информации посетете ја веб страната на конференцијата: www.basquecountry2016.eu или на социјалните мрежи.
8-ма Европска конференција за одржливи градови
април 29, 2016

