Во рамки на Втората компонента на проектот – енергетска ефикасност на ниво на индустрии, а во согласност со проектната задача, предвидено беше да се изберат партнер компании од различни идустриски гранки во Република Македонија. Услов да бидат партнер компании на проектот беше заинтересираните компании со УНИДО - РЕЦ Македонија да потпишат Писмо за намера (Letter of Committed Resources). Со потпишувањето на ова пимо, компаниите се обврзуваат да учествуваат на обуки - систем за управување со енергија, оптимизација на системи за пареа и оптимизација на системи за компресиран воздух (да учествуваат на сите обуки или само на дел од обуките, во зависност од процесот кој го користат). Обуката за систем за управување со енергија е задолжителен за сите партнер компании. Понатаму, партнер компаниите треба да воспостават систем за управување со енергија во согласност со ISO 50001 стандардот и да применуваат немонетарни и/или ефтини мерки за заштеда на енергија.
Листа на Партнер-компании на проектот
декември 27, 2016

