Започна програмата за репликација на програмата за поддршка на спроведување на систем за управување со енергија

мај 19, 2017

Во рамките на проектот “Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии во Македонија” започна програмата за репликација на програмата за поддршка на спроведување на систем за управување со енергија во согласност со ИСО 50001 со четири нови партнер индустриски компании. Со цел усвојување на методите утврдени со ИСО 50001 стандардот и програмата развиена од УНИДО, од 9-12 мај 2017 година се одржа обука за претставници на новите партнер-компании во канцеларијата на РЕЦ. Обуката ја реализираше водечкиот експерт од областа Liam McLaughlin. Покрај претставниците на новите панртер компании, обуката ја следеа три лица од партнер компаниите што учествуваа во претходниот циклус на програмата, како и претставници на надлежни органи од областа на енергетската ефикасност во индустријата. На крајот на обуката учесниците полагаа парцијален испит, како основа за стакнување на сертификат на УНИДО. Учесниците високо ја оценија обуката во смисла на практичниот пристап и иновативни методи за следење на енергетските перформанси, како и за дијагностицирање на потребни мерки за намалување на потрошувачката на енергија без инвестициони вложувања. РЕЦ сеуште има место за две до три нови партнер компании и работи на нивна идентификација и вклучување во програмата.