Отворање на постојана изложба „Живиот свет во Дојранското Езеро и Котлина“

мај 16, 2017

Со особено задоволство Вe известуваме дека во четврток, 18.05.2017 год., во Стар Дојран, со почеток во 12 часот свечено ќе се отвори првата подружница на Природонаучниот Музеј на Македонија, со постојана изложба насловена „Живиот свет во Дојранското Езеро и Котлина“.

Настанот е во рамки на проектот „Развивање на капацитети за одржливост на Дојранското езеро”.